ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Берлински процес во Тирана – Министеријал за надворешни работи на ЕУ и западен Балкан; албанската влада со предлог за легализирање на игрите на среќа; Курти и Вучиќ на средби во Брисел

September 14, 2023 11:17
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска во рамки на Берлински Процес се отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан. Косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

Ова  се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

РТШ: Министрите за внатрешни работи на ЕУ и регионот се среќаваат во Тирана во рамките на Берлинскиот процес

„На 14 септември, Тирана го отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. Темите на Министеријалот ќе бидат интегрирано гранично управување; Регионална соработка во борбата против организираниот криминал; Партнерство за компјутерски криминал во Западен Балкан.“, пренесе РТШ.

Телеграфи: Албанија следната недела го започнува пописот на населението

„На 18 септември во Албанија ќе започне пописот на населението и куќите. Овој процес се подготвува веќе четири години. Првично беше одложено поради пандемијата COVID-19, а потоа поради, како што беше речено, „необезбедување на потребните средства за собирање информации на терен“, пренесе Телеграфи.

Балкан Веб – „Пет години по забраната за игрите на среќа, власта се обидува да ги легализира“, БИРН: Пратениците на СП и на опозицијата со критики го пречекаат нацрт законот!

„Пет години по забраната за игрите на среќа, владата се обидува да го легализира онлајн обложувањето, но предлог-законот наиде на критики и испитувања и од опозицијата и од мнозинството пратеници. Албанската влада го таргетираше нелегалниот пазар на коцкање преку операцијата „Крај на лудилото“ во 2013 година, а во 2015 година донесе закон што беше опишан како радикален за да ја ограничи индустријата.“, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

РТВ 21: Курти и Вучиќ се сретнуваат  денеска во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

Според агендата што ја објави ЕУ, предвидено е средбите да започнат денеска во 9 часот.“, пренесува РТВ 21.

Коха: Специјалниот суд му го одзема телефонот на братот на Салих Мустафа

По наредба на Специјалниот суд, одземен е телефонот на Арбен Мустафа, братот на поранешниот командант Цали. Ова за КосоваПрес го потврди адвокатот на Мустафа, Бетим Шала, според кого неговиот клиент не сторил кривично дело ниту го попречувал спроведувањето на правдата, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Што се очекува од средбата на 14 септември?

„Се чини дека состанокот на 14 септември 2023 година во Брисел е фокусиран само на деескалација на кризата на северот на Косово. Зошто? Затоа што се чека опасност од вооружен конфликт меѓу локалните Срби и владата на Косово. Постоечката ситуација не може долго да се одржува, а да не експлодира со инциденти Експлозијата на конфликтот му одговара на режимот на Вучиќ, кој е под притисок на опозицијата за нови избори, под притисок на Западот да воведе санкции кон Русија и под притисок на Русија да остане врзана за руската кочија. Значи, Вучиќ е сред низа спротивставени притисоци, каде што вооружениот конфликт на Косово би му помогнал да остане на власт и да ги одржи сегашните нелогични и вештачки баланси. За жал, Владата на Курти го спонзорира конфликтот, бидејќи покажува „силна против Србија“, добива поени во очите на граѓаните.“, пишува авторот Милазим Красниќи во колумната „Што се очекува од средбата на 14 септември?“, објавена во Економиа Онлајн.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Ursula von der Leyen

„Унија на 500 милиони луѓе кои живеат во слобода, демократија и просперитет“: Кои беа петте најважни поенти од говорот на Фон дер Лајен?

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk