ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Разорната бура на иднината!

September 17, 2023 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Во Северна Македонија веќе неколку години владее антизападна енергија, која во одредени историски моменти, како што е во моментот со процесот на уставни измени, се претвори во деструктивна бура против нас.

Веројатно, единствената вистина во оваа голема каша каде што Христијан Мицкоски и неговата дружина се обидуваат да ја стават државата, е фактот што опозицијата на лагите го продолжува својот аваз и не запира во оваа страшна намера за самоуништување.

Ако не го прекинеме во оваа намера Мицкоски и неговата банда, луѓе, утре ќе биде доцна!

Тврдењата на опозицијата дека власта станала плен на бугарскиот диктат никогаш не можат да бидат точни. Сето ова плукање на денешната опозиција и безмозочни милитанти против еден гигантски проект – како што е членството на земјата во Европската унија – е резултат на дедукциите на струите кои со векови се раѓаат против Западот, сега ЕУ и САД, додека на граѓаните на оваа земја, желни за демократија и европски вредности, само им предизвикаа мизерија.

Плукањето на Мицкоски и овој гнев на ВМРО-ДПМНЕ и Левица против уставните измени, а и против повиците на партнерите и пријателите на Северна Македонија во ЕУ и САД да се оди напред кон интеграција, може да доведе до ризик земјата, во „мочуриште“ во кое сите можеме да потонеме.

Не е потребна анализа за да се заклучи дека денес е идеално време толпите со рибен мозок да излезат на бојното поле и да го повратат својот слоган „Јас на Европа ѝ го покажав местото“, но мудрите би ги спречиле овие толпи!

Северна Македонија е пред голем чекор и ова е реалност, секој граѓанин кој ја сака својата земја повеќе од лидерот треба да внимава, и со отворени очи да погледне кон реалноста, да гледа подалеку од лидерот кој не гледа подалеку од луксузни вили, хидроцентрали, луксузни автомобили и реновирање на купатилото!

Соочен со оваа мрачна реалност, секој граѓанин, без разлика на етничката, верската или друга припадност, треба да се чувствува виновен и засрамен.

Ако ја оставиме нашата судбина во рацете на луѓето кои не гледаат подалеку од нивниот нос, тогаш тоа би бил најтешкиот удар што ѝ е нанесен на земјата и нејзината иднина.

Политиката не треба да се води од емоции, туку од рационалност. Ако поради Мицкоски пропаднат уставните измени, а со ова и евроатлантското патување на државата, нема да биде виновна ниту Бугарија, ниту ЕУ, туку сами ние, зашто сме дозволиле претседател на партија инкриминирана до срж, на чиј грб тежат тешки обвинувања за злоупотреба на милиони, народни пари, да одлучува за нашата и за судбината на нашите деца.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот беше предвидено и прифатено во рамките на преговорите на 27-те земји од ЕУ. Затоа, секоја изјава дека тоа е диктат на Бугарија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, зад која се кријат партиски интереси.

Ваквиот став на Мицкоски е прекумерна злоупотреба на чувствата на значителен дел на Македонците. Овие ставови се спротивни на стратешката цел на Северна Македонија за членство во ЕУ. Ставови што може да се опишат и како антидржавни.

Одговорноста на Мицкоски во овие околности е повеќе од политички став!


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМицкоскинационализамУстав

НАЈНОВО

Филипче со честитка за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен

June 6, 2025

Фајнанс тинк: Нема место за еуфорија, растот во првиот квартал со слична динамика како и лани

June 6, 2025

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk