Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред на Комисијата е разгледување информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.