Активистот и аналитичар Ацо Лукароски, во објава на Фејсбук вели дека „Македонија е длабоко заглавена во жив песок. Сите обиди од актуелната власт да ја извлечат државата од тој жив песок засега одат многу тешко“.
„Ова го пишувам инициран од онаа изјава на Ахмети за некакви полутајни средби. Искрено, не знам дали Заев или Ковачевски се сретнале со Груевски (не верувам), или некој од нив се сретнал со луѓе блиски до Груевски. Ако тоа сепак се случило, јас во тоа би гледал само обид за ПОВТОРНО да се спаси Македонија. Во два наврата ‘на мистериозен начин’ успеавме. За конечен успех потребен е уште само еден чекор. Тој чекор го прави актуелната власт. Она што ме згрози во целата оваа ситуација е реакцијата од некои бивши СДСМ-овци и од некои бивши ‘шарени револуционери’. Пустите, извинете ми на речникот, се ‘покакаа’ од радост по изјавата од Ахмети. Вчера ги срушија сите рекорди во број на ФБ објави“, пишува Лукароски.
Тој додава дека „бонус добивка од целата оваа работа е што ќе си ги покажат роговите. Сите оние што биле со СДСМ, или со Заев од личен интерес. Затскривајќи се зад наводна грижа за Македонија, докажуваат дека се всушност исти со лажните патриоти од ВМРО и Левица!“.
Поранешниот премиер Зоран Заев, во изјава за ТВ 24, вели дека немал тајни средби со Ахмети и Груевски за Кривичниот законик.
„Не точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина“, вели за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев, по изјавата на неговиот екс коалициски партнер Ахмети дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на КЗ со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.
Поврзано:
Заев негира дека имал тајни средби со Ахмети и Груевски за Кривичниот законик