ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицко како Гаврило Принцип и Черноземски

September 20, 2023 15:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Карикатура: Илја Кац, Израел

Карикатура: Илја Кац, Израел

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Мицкоски има уште две-три недели да ги поддржи уставните промени. Со неколку нови моменти во формулациите кои ќе му обезбедат колку-толку достоинствен излез од дупката во која пропадна заедно со сета партија. Ако тоа не го направи, ќе мора да падне.

Затоа што испаѓањето на Македонија од Европа нема да заврши само во изолација на државата, туку ќе биде основа на Третата балканска војна во која Македонија како национален и државен феномен ќе биде избришана.

Мислите дека претерувам!?

Не, другари, се лажете.

Македонија опстојува само врз основата на два фактора: интересите и добрата волја на Албанците и Европската унија и САД како светилници за залутаниот брод. Без еден од тие фактори Македонија ќе се распадне експресно брзо и во тој распад ќе се јави казус бели за сите околни балкански држави. Војната ќе биде неизбежна затоа што поинаку Македонија не може да се подели за последен пат. Тоа ќе биде европски и светски проблем. И тоа никој нема да го дозволи.

Мицко ја игра улогата на Гаврило Принцип, односно политички сака да го убие Западот во Македонија или сака да го убие Европскиот крал како што Черноземски направи со Александар во Марсеј. Ако македонската политичка елита подржува такви работи, тогаш таа е поглупава од македонската интелектуална елита. Нејзините интереси, вклучително и марифетлуците и корупцијата не се помали во Европа, туку се поголеми. На некој начин (види Бугарија, Хрватска, Унгарија, Словенија…).

Дали Груевски ќе победи?

Не знам, но засега не гледам друг сериозен кандидат. Сите се компромитирани. Груевски, сепак, може да одигра важна улога. Ако поминат уставните промени спротивно на неговиот став, Мицкоски нема што повеќе да бара во партијата. Обратно, ако ги поддржи, задржува големи шанси на следните избори, но со идејно ослабнати позиции и во партијата и во хистеризираната јавност. Во урамнотежена Македонија. Ако остане на сегашната позиција и ја задржи контролата над пратеничката група, тоа ќе биде крај за Македонија, а можеби и за Европа. Тоа, се разбира, го факторизира над сите негови способности, но над нивото на кое тој со таков став би можел да ја освои власта и да раководи со државата.

Таа работа, просто, не ја бива.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Селими: Нема да ме чуди ако имаме нова мутација од „не под бугарски диктат” во „не под диктат на Груевски”

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk