ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакции по настаните во Косово: Русија има добра инфраструктура за влијание на Балканот

September 25, 2023 12:18
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Случувањата на северот на Косово засега не можат да имаат некое посериозно влијание врз политичките и безбедносните текови во регионот. Мислам дека тензичната ситуација ќе се смири и дека двете страни знаат дека се во ќорсокак ако решиле да користат сила за да го решат спорот. Со други зборвои во дадениот момент и конетслација употребата на сила не е разумна“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Методи Хаџи Јанев – професор од Воената академија.

– Александар Вучиќ знае дека не може сам со сила да го решава спорот бидејќи е инфероиорен во однос на КФОР. Од друга страна, ниту Албин Курти сам не може унилатерално да решава како ќе пристапи кон разрешувањњето на ситуацијата. Во моментот и нему не му одговара ситуацијата да ескалира и да има употреба на сила. Сепак, двете страни ја користат ситуацијата за да добијат подобри позиции во преговорите, нагласи тој.

Според него, на директен начин е тешко да се покаже дека Русија има влијание во оваа ситуација, но групи кои се поврзани со Русија и нејзиното влијание, ДА.

– Со оглед на тоа дека е тешко засега од она со што располагаме како информација да видиме директна поврзаност со Белград реакциите на Вучиќ беа такви какви што беа – осуда на настанот и секако тргање од одговорност. Идејата за финансирање на вакви групи е јасна, тоа не е во интерес на Балканот, туку во интерес на поткопувањето на напорите на големите играчи. Во моментов Русија нема влијание директно и сериозно, иако тоа не значи дека нема да се промени, бидејќи е јасно дека има добра инфраструктура за да го прави тоа, како и дека постојат амбиции за тоа. Сепак, ресурсите и капацитетите како и состојбите на други страни и жаришта во светот се одлучувачки за тоа дали и колку таа ќе може да влијае во овој момент. Главниот фокус на Русија сега е Украина, Црното Море, Африка и особено Кавказот, анализира професорот од Воената академија, Методи Хаџи Јанев.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, вели дека со голема загриженост се следи ситуацијата во Косово, додава дека, државните институции се во постојана комуникација и координација со нашите сојузници и стратешки партнери.

– Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот. Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија, наведува премиерот Ковачевски.

Тој, апелира за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени на мирен и демократски начин.

– Клучно е забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, тоа е единствениот начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни. Регионот мора да оди напред, граѓаните заслужуваат просперитет, подобра иднина и подобар животен стандард, нагласува премиерот.

Цивил – Центар за слобода
Цивил – Центар за слобода

Од Цивил – Центар за слобода соопштија дека: „Нашата земја има и кредибилитет, и позиција – да биде креатор на мирот и да нуди решенија за мирно и ненасилно надминување на конфликтите“.
Затоа, се вели во нивното соопштение, освен политичарите, одговорност имаат и медиумите и граѓанското општество.

– Тие имаат обврска да спречат понатамошна поларизација. Се разбира, тоа може да се постигне само со вистинито и точно информирање на јавноста, фактите да се проверуваат со релевантни извори и да се избегнува сензационализам во известувањето, нагласуват од Цивил.

Во вчерашните судири помеѓу група српски вооружени напаѓачи и косовскта полиција се убиени 3 српски напаѓачи, 6 се уапсени, а 2 од нив се повредени. Пред акцијата на косовската полиција беше убиен еден косовски полицајц, а еден беше повреден.

И Белград и Приштина обвинуваат и изнесуваат своја верзија на настаните. Останува дилемата како вооружената група на српски државјани дошле до оружје со долг отстрел и во толкав арсенал, типично за редовните или паравоените единици.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар КовачевскиКосовоМетоди Хаџи-ЈаневСрбијаЦИВИЛ

НАЈНОВО

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

May 22, 2025

Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

May 22, 2025

Вицепрeмиерот Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се фискалните ризици од шесте милијарди евра заем од Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk