ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Вархеји: ЕУ подготвува нов пакет за проширување што ќе демонстрира дека унијата е подготвена да прими нови земји членки

September 28, 2023 18:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија подготвува нов пакет за проширување кој ќе претставува нова алатка што ќе демонстрира дека таа е подготвена да прими нови земји членки и да сооздаде услови за нивно членство, земјите кандидати ќе остане да да ги искористат тие можности, порача денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеј на прес-конференција на неформалниот министерски состанок за општи работи што се одржува во шпанскиот град Мурсија.

Тој нагласи дека на состанокот се утврдени конкретни активности за забрзување на проширување, преку пакет кој ќе понуди нов начин на размислување за овој процес.

– Пакетот сега вклучува 10 замји кандидати со европска перспектива. Со тоа не само што сакаме да се придвижиме напред, туку и да обезбедиме забрзана интеграција. Тоа ќе биде надградување на план за раст на Западниот Балкан, што ќе се потпира на четири столба, истакна Вархеји.

Првиот столб, како што нагласи Вархеји, ќе се однесува на поттикнување на социо-економските реформи во земјите кандидати за членство, а вториот на создавање услови за нивно интегрирање во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата, од што полза ќе имаат и ЕУ и кандидатите за членство. Според него, третиот столб ќе се однесува на зајакнувањето на владеењето на правото и демократијата, а четвртиот ќе биде насочен кон надминување на социјалниот и економскиот јаз меѓу ЕУ и земјите кандидати преку финансиска поддршка од Унијата за забрзување на неопходните реформи.

– Европската комисија од самиот почеток на нејзиниот мандат постојано, кредибилно и силно го поддржува проширувањето и сега промената на нашето геополитичко опкружување ни покажа дека долгорочниот мир, стабилност и просперитет на ЕУ во голема мерка ќе завист од успешноста на проширувањето и премот на нови членки од нашето непосредно соседство, изјави Вархеј.

Тој потсети дека 2030 година како датум за идно проширување ја наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и дека е важно до тогаш  ЕУ да се подготви за прием на нови членки, но и државите кандадати да бидат подготвени за зачленување до тој датум, при што главен критериум за приемот на нови членки ќе биде исполнувањето на критериумите за членство.

– Тоа значи дека земјите кандидати, нашите партнери, мора да ги исполнат добро познатите критериуми за членство од Копенхаген. Тоа се збир на критериуми што го гарантираат кредибилиетот на членство. Затоа денес не само што потврдивме, туку и започнавме дискусија како да ги поддржиме земјите кандидати да го забрзаат спроведувањето на реформите, додаде Вархеј.

Според него, проширувањето на ЕУ било главна тема на состанокот, при што е потврдено дека тоа е  меѓу трите приоритети на Унијата.

– Значењето на членство во ЕУ никогаш не било толку големо како што е сега. Видовме итна реакција од три земји по стартот на руската агресија на Украина, кои заклучија дека нивниот мир, стабилноста и просперитет ќе бидат гарантирани со членство во ЕУ, рече Вархеји.

Тој додаде дека од денешната дускусија околу подготвеноста на Унијата за проширувањето, Европската комисија заклучила дека за приемот на нови членки нема да биде потребна измена на Договорот за функционирање на ЕУ и дека процесите на внатрешни реформи и на проширување може да се одвиваат паралелно. – Убедени сме дака овие два процеси можат да се одвиваат паралелно и убедени сме дека и двата процеси можат да се спроведат на кус рок, заклучи Вархеји.

Tags: ЕУОливер Вархејипроширување
Next Post

Џафери од Даблин: Воведувањето на Регистарот на штети од агресијата на Русија против Украина е пресуден момент во потрагата по одговорност

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk