Заев се враќа во политика за да брани малцинства, ако добро исчитувам, напиша во своја Фејсбук објава Ненад Јовановиќ.
“Едно општество за сите” е ангажман, барем како јас на тоа гледам, во кој ќе се бранат сите оние луѓе, без разлика дали се поединци или групи, на кои им се заканува – “во најава” – теророт на Мицкоски.
Не поминавме огромен и пеколен пат за да подпаднеме под иста или слична нацитортура на следните избори како од времето на Груевски.
Научивме: колку повеќе го има Мицкоски и таа негова фамозна и субординирана партија (читај, партија која работи на армиска команда!), толку помалку ќе има место за конкретни луѓе и малцинства. Тамо кајшто нема конкретни луѓе и малцинства, тамо е загрозен самиот фундамент на човечката слобода.
Ние не сме армија, ние сме луѓе кои се борат за да живеат како што живеат луѓето во Европа: слободно, живо, прогресивно.