ДПМНЕ во годините пред референдумот се изјаснуваа во корист на евроатлантските интеграции.
Да сме членка на Европската Унија, на НАТО, држава со многу странски инвестиции… Седумдесет и неколку насто од нашите граѓани се убедени дека Македонија треба да биде во Европската Унија затоа што тоа носи подобар стандард, поквалитетен живот, рече тогашниот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов.
Во друга изјава Иванов потенцираше дека желбата на сите војници и сите војници и сите старешини е, конечно во оваа година Македонија да го заслужи тоа што и припаѓа, да биде членка на НАТО.
Ниту бегалецот немаше ништо против ЕУ.
„Никола Груевски сака решение. На Никола Груевски му одговара решение. Затоа што на Македонија и одговара влез во НАТО и влез во Европска Унија!“, велеше Груевски.
Додека Мицкоски, кој и самиот не знае зошто е против ЕУ на времето беше согласен дека референдумот е единствено решение, односно дека ништо не може да биде одобрено, без претходно да биде прашан народ, односно на Референдум.
м. п.