ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јас не би правел интервју со Јанкулоска

October 3, 2023 10:45
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Го гледав интервјуто на Попетревски со Јанкулоска.

Најверојатно е новинарски да сакаш да имаш ексклузивно интервју со „атрактивен“ соговорник, поготово актуелизиран сега (фотографијата со Мицкоски и Јанкулоска во белата палата), а од друга страна си велиш – зошто побогу да правам интервју со осуден криминалец што самиот си слушал како гази буквално сè пред себе за лични и партиски интереси.

Го читав и Петрит кој вели „И јас би правел интервју со Јанкулоска“. Прашањата што Петрит Сарачини би ѝ ги поставил на Јанкуловска, се она што навистина треба да се праша „министерката со тефтерчето“, што за уши еден по еден нè вадеше за отстрел на овој или оној начин. Но, не гледам никаква потреба да се дава медиумски простор на елементарна непогода од човек, олицетворение на вазална бескомпромисност која со самото тоа што не соработуваше со истрагата не покажуваше и не покажува никакви знаци на каење.

Јас не би направил интервју со Јанкулоска зашто во кој и да е случај, какви прашања и да и поставиш, на некој начин ја рехабилитираш. Ако не друго, ја факторизираш и ѝ даваш простор за манипулација.

Лукава е Јанкулоска, знае да ги искористи сите прилики кои ѝ се нудат. Знае да мавне и на емоција (мајка на пет годишно дете во затвор), а со интервју во било каков формат тоа ѝ се нуди – можност за амнестија и рехабилитација.

Две работи ме плашат што ги видов во интервјуто.

Прво, Јанкулоска уште од затвор е спремна повтроно да биде политичко-партиски ангажирана во служба на белата палата. Мицкоски како што видовме пред некој ден, таа шанса веќе и ја дава. Тоа, практично значи нејзиното ВМРО-МВРО е уште живо и дреми во сенка да ни се повтори.

Второ, врзано со првото, Јанкулоска со тоа што не покажува никакво каење, значи во други околности секако дека би го повторила она што го правела кога ја имаше министерската моќ и наклонетоста на Груевски. Разликата сега би била само што ќе биде под покровителство на Мицкоски.

Дали за да ги сфатам овие работи ми требаше да го видам интервјуто?

Не. Тие се толку очигледни и сега, како што беа очигледни нејзините лажни солзи тогаш во изјавата за Диво Насеље.

Сигурно и Васко ги имал овие дилеми пред да се реши на интервју со Јанкулоска. Па ваљда му превагнал ексклузивитетот.

Да бев класичен новинар, јас сега би направил интервју со Васко Попетревски.

Текстот е личен став на Авторот.

 

Next Post

Оздемир: Германија сака да ја види Северна Македонија што поскоро во ЕУ

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk