РИБАРО
Ни го плесна анкетата од Фокус она што сите си го знаевме, мои мили ем драги мицковисти, констатирал Мицкоски на брифинг во белата палата, дознава АХА. Граѓаните нè прочитаа. Додека ние очи меѓусебе си извадивме, комуњариве покажаа единство и мудрост, додал Мицкоски.
„Ќе ми каже ли некој како може според анкетата на Фокус, и после конструкциите што ги монтиравме Грујо да е поомилен политичар од мене, а Ковачевски кој едвај неколку години е на чело на СДСМ и на премиерската позиција да има поголема доверба кај граѓаните и од Груевски и од мене? Јес да го бележам најдолгиот стаж како опозициски лидер во историјата на ВМРО-ДПМНЕ, ама пак до толку да сум отепан и непопуларен…“, се прашувал Мицкоски.
Како што јавуваат нашите извори, Мицкоски најавил дека ќе си ги собере парталите од претседателската функција во партијата.
„Собрав што е мое и заминувам в планина. Ќе соберам душа, па можеби ќе смислам нешто и ќе се вратам. Тоа е другари, да не се лажеме, не ме бива за политика. ја влечам цела партија во пропаст“, констатирал Мицкоски,
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK