ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Грковска – Перебијнис: Северна Македонија и Украина делат заеднички вредности, соработката и пријателството ќе се продлабочува

October 10, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, кој деновиве е во посета на земјите од регионот. Вицепремиерката Грковска изрази поддршка за украинските граѓани во справувањето со руската воена агресија врз Украина и борбата за зачувување на територијалниот интегритет на државата. Таа нагласи дека Украина е пријателска земја која секогаш може да смета на поддршката од Северна Македонија.

Заменик-министерот Перебијнис се заблагодари за постојаната поддршка од нашата земја, која ја сметаат за клучен партнер од Западен Балкан, истакнувајќи дека за нив е непроценлива помошта во воена опрема, приклучувањето на нашата држава кон санкциите за Русија и поддршката за евроатланските аспирации на Украина. Перебијнис истакна дека Украинците не се борат само за својата земја, туку и за заедничките вредности и безбедноста на цела Европа.

Иако главната цел на Украина во моментов е победа над агресорот, Перебијнис нагласи дека зачленувањето во Европската Унија е дел од врвните приоритети на неговата држава и истакна дека интегративниот процес е уште една можност за јакнење на соработката меѓу двете земји. Во таа насока, на состанокот беа споделени искуства околу исполнувањето на европските критериуми за членство и реформите кои целат кон подобар стандард за сите граѓани и за целото општество. Вицепремиерката Грковска информираше за политиките за добро владеење кои ги спроведува кабинетот со кој раководи и му честиташе на украинскиот владин претставник за тоа што во време на војна земјата успеа да воспостави посебни институции за борба со корупцијата.

Tags: ГрговскаПеребијнисСеверна МакедонијаУкраина
Next Post

Петровска – Перебинис: Северна Македонија продолжува со силната поддршка за Украина во одбрана на нејзината сувереност

Најново

Македонскиот павилјон се отвора в петок во Венеција, доделувањето на „Златен лав“ одложено поради оставка на жирито

May 6, 2026

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk