Многу е веројатно израелскиот министер за економија Нир Баркат да се повел од можни дезинформации при неговата изјава за убиените 40 деца/бебиња во масакрот во Кфар Аза дека „некои од нив беа живи запалени, на некои им беа отсечени главите, некои беа застрелани во глава“, базирајќи се на извештајот за обезглавени бебиња од страна на терористите на „Хамас “ кои го објавени новинарката на 24 NEWS, Никол Зедек по медиумската турнеја во селото.
Новинарката подоцна ретерираше, и изјави дека не била сведок на настанот, тука така и било кажано во разговор со израелските војници кои веруваат дека 40 деца/бебиња биле убиени.
Орен Зив, израелски новинар и фотограф од тел Авив, кој беше дел од новинарските екипи во Кфар Аза, објави на Твитер дека за време на медиумската турнејата не виделе никаков доказ за тоа.
Добивам многу прашања за извештаите на „Хамас обезглавени бебиња“ кои беа објавени по медиумската турнеја во селото. За време на турнејата, на новинарите им беше дозволено да разговараат со стотиците војници на лице место, без надзор на армискиот портпарол. Новинарката на 24 рече дека слушнала „од војници“.Војниците со кои разговарав во Кфар Аза вчера не спомнаа „обезглавени бебиња“, пишува Зив.
1/5 I’m getting a lot of question about the reports of “Hamas beheaded babies” that were published after the media tour in the village. During the tour we didn’t see any evidence of this, and the army spokesperson or commanders also didn’t mention any such incidents. pic.twitter.com/qN4XZmlGAP
— Oren Ziv (@OrenZiv_) October 11, 2023
2/5 During the tour, journalists were allowed to speak to the hundreds of soldiers on site, without the supervision of the army’s spokesperson team. I24 reporter said she heard it “from soldiers”. pic.twitter.com/IgHL8SBy8A
— Oren Ziv (@OrenZiv_) October 11, 2023
Ова не значи дека не биле извршени воени злосторства. Сцената во Кфар Аза беше ужасна, со десетици тела на Израелци убиени во своите домови, вели Зив и додава. За жал, Израел сега ќе ги користи овие лажни тврдења за да го ескалира бомбардирањето на Газа, и таму да ги оправда сопствените воени злосторства.
4/5 This doesn’t mean that war crimes were not committed. The scene in Kfar Aza was horrific, with dozens of bodies of Israelis
murdered in their homes. pic.twitter.com/VEOXO7UcN6— Oren Ziv (@OrenZiv_) October 11, 2023
Израелската армија нема информации кои ги потврдуваат наводите дека „Хамас обезглавувал бебиња“, изјави за Anadolu во вторникот портпаролката на единицата на израелската армија, кога турската новинска агенција телефонски контактираше со единицата на портпаролот на израелската армија и праша за наводите, таа рече:
„Ги видовме вестите, но немаме никакви детали или потврда за тоа“.
Д. Мишев / Цивил Медиа