Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) потврди дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси што пропишува ограничувања за вршење на дејност за време на вршење на функцијата по обвинението дека премиерот Димитар Ковачевски во својство на заменик министер за финансии можел да влијае врз постапката на државна помош кон фирмата Пиксел груп основана од него и неговиот кум.
Комисијата утври дека фирмата ги исполнувала условите на конкурсот и договорот за финансика помош бил потпишан пред Ковачевски да биде избран за заменик-министер.
Фирмата договорот го склучила на 13 август 2020 година, додека Ковачевски стана заменик-министер на 23 септември 2020 година, а веќе на 29 септември тој доставил барање за истапување од сопственоста на фирмата и во целост ја отстапува на неговиот кум.
Со ова паднаа во вода обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“.