ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукароски: „Незгодни прашања“ за опозицијата не се дозволени „in our country“?

October 17, 2023 11:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

„Откако СДСМ најави дека ќе предложат Закон за корекција на платите на функционерите и дека парите ќе бидат насочени за антикризни мерки, дежурните ФБ критичари побрзаа со критики за идејата, со констатација „доцна е сега, требаше порано да ви текне!“, реагира на Фејсбук политичкиот аналитичар Ацо Лукароски.

– Нели ќе беше подобро да побараат од опозицијата да даде поддршка за тој закон. прашува Лукароски.

„А можеа и од Максим Димитриевски да побараат да се откаже од платата од 160.000 денари, пошто нели самиот рече дека се срами од неа. Пошто народот гладувал.

А и новинарите можат да го прашаат Мицкоски што мисли за најавениот закон. Или ‘незгодни прашања’ за опозицијата не се дозволени „in our country“?“, реагира Лукароски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ најави дека денеска на Влада ќе биде поднесено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

– Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави синоќа Битиќи.

Тој нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

– Остануваат денови до обзнанување на новиот пакет мерки, рече Битиќи, и нагласи дека оваа Влада предводена од СДСМ поинаку ги сфаќа ранливите категории и креира мерки таргетирани за нив.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Ацо ЛукароскиЗакон за корекција на платите на функционерите
Next Post
Фото: ЦИВИЛ Медиа

(ВО ЖИВО) Никола Наумоски и Соња Танеска на панелот на ЦИВИЛ за македонската зелена агенда

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk