Водечките руски државни медиуми, Z-Телеграм каналите, но и еден бугарски информативен портал, Глас њуз. бг, шират дезинформации за наводна престрелка меѓу украинската војска и суданските вооружени сили во Судан. Како резултат на тоа, наводно загинале осум украински и 10 судански војници.
Се наведува дека конфликтот настанал поради „поддршката на Украинците за нападите на Израел врз Појасот Газа“. Пропагандистите се повикуваат на „суданскиот медиум“ Ал-Машхад Ал-Јемени, пренесува Укринформ.
Ова е лажна вест. На официјалната веб-страница на Ал-Машхад Ал Јемени не постои таков извештај објавен ниту на 15 октомври, кога руските медиуми почнаа да ја шират оваа „вест“, ниту на 14 октомври или порано.
Сите активни хиперврски поставени на сајтовите на руските ресурси водат едноставно до почетната страница на Ал-Машхад Ал-Јемени, а не кон конкретни материјали.
Ал-Машхад Ал-Јемени не е „судански медиум“, туку јеменски (https://www.almashhad-alyemeni.com/section~1). Ова е јасно дури и од името.
Така, руските пропагандисти едноставно ја измислија веста за смртта на украинските војници во Судан и се повикаа на малку познат јеменски сајт кој нема никакви информации за тоа.
Украинските војници навистина беа во Судан во пролетта 2023 година. Тогаш 10-тина специјални агенти на Главната управа за разузнавање спроведоа единствена специјална операција за спасување на територијата на Судан, од која беа извлечени повеќе од 60 Украинци.
Преземено: Цивил Медиа