За една недела во Англија и Велс уапсени се повеќе од 1.600 осомничени членови на банди кои тргувале со дрога.
Вкупно 710 лица, меѓу кои 58 деца, биле упатени до службите за заштита како можни жртви на експлоатација од бандите. Бандите се познати по тоа што ги искористуваат децата како дилери на дрога и ги преземаат домовите на ранливите луѓе за складирање на нелегални супстанции.
Полицијата заплени дрога од класа А во вредност од 1,2 милиони фунти повеќе од 100 килограми канабис.
Во рацијата запленети се 250 телефони, 458 парчиња оружје, од кои 33 огнени оружја, 377 ножеви, три самострели, 21 палки и други оружја.
Од почетокот на националната програма за борба против дилерите на дрога во 2019 година уапсени се 14.887 лица, а 7.267 деца или ранливи лица се упатени до службите за заштита.