ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ-Рејндерс: Владеењето на правото нема алтернатива, реформите мора да продолжат во интерес на граѓаните

October 27, 2023 18:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПРАВДА
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс на денешната средба во Скопје, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), разговарале за клучните теми за процесот на европска интеграција,како што се владеењето на правото и судските реформи.

-Соговорниците се согласија дека владеењето на правото и консензусот се клучни на патот кон ЕУ и дека Северна Македонија мора да го забрза усогласувањето со најдобрите практики и процедури на ЕУ, во оваа најважна област од преговарачкиот процес со ЕУ, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот ја искористил приликата да се заблагодари за поддршката на ЕУ за Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите, како и во реформските процеси во областа на правдата, додавајќи дека интензивно се работи на исполнување на европската агенда, со цел побрз напредок на нашата држава на патот кон членство во ЕУ.

-Работиме на Патоказот за владеење на правото и во него ги опфаќаме сите суштински реформи кои се предуслов за градење на европски правна држава. Мораме да продолжиме со интеграцијата во ЕУ и побрзо да го реформираме македонското општество, бидејќи владеењето на правото нема алтернатива, рекол вицепремиерот Маричиќ.

Зборувајќи за текот на подготовката на Патоказот за владеење на правото, вицепремиерот Маричиќ го брифирал Рејндерс дека е во напредна фаза и дека е направен детален и стратешки план во кој се рефлектира нашата визија и политичка заложба за реформи до 2030 година.

Рејндерс, како што информираат од СЕП, потврдил дека ЕУ ја поддржува земјава во спроведувањето на реформите и дека со заеднички сили ќе се работи на предизвиците и на сето она што ќе ја врати довербата во правосудниот систем, а тоа е подостапна правда, еднаквост на сите пред законот, борба против корупцијата и организираниот криминал.

Tags: ЕУМаричиќРејндерсреформиСЕП
Next Post

За сметањето на времето ќе се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија, вели Бектеши

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk