ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Суспендирани четири синдикалци и рудар од Трепча; рокот за пререгистрација на илегалните таблички во Косово одложен за еден месец; Специјалниот суд со рација во куќата на поранешен советник на Хашим Тачи

October 31, 2023 12:06
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По седумдневниот штрајк на рударите на Трепча, раководството суспендира четири синдикалци и еден рудар – водач на единица. Владата на Република Косово го одложи за еден месец рокот за пререгистрација на илегалните таблички на возилата, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите што редакцијата  на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: Раководството на „Трепча“ суспендира  четворица синдикалци и еден рудар

Синдикалците на рударите на „Трепча“ во понеделник добија изненадувачка вест.

„По изрекувањето на оваа одлука за суспензија на пет лица, четворица од раководството на синдикатот, заедно со мене како главен синдикалец, потпретседателот и двајца од членовите на синдикатот и еден рудар-водач на единица.  Сметаме дека тоа не придонесува за демократијата, повеќе придонесува за кршење на слободата и човековите права“, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од Трепча, Ибрахим Јонузи.

За одлуката за суспензија и за она што се случува во Стан трг и во текот на овој понеделник у.д. на началникот Енис Абдурахмани е недостапен, пренесе Дукаѓини.

РТВ 21: Владата на Косово го одложи за еден месец рокот за пререгистрација на возилата во РК

Владата на Косово доцна во понеделникот објави дека одлучила да го одложи до 1 декември рокот за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ на регистарски таблички на РКС.

Според соопштението на Владата на Косово, со нова одлука се предвидува и дека по 1 декември 2023 година „сопствениците на возила опремени со таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ од 10 јуни 1999 година до 21 април 2022 година, повеќе нема да имаат можност да ги регистрираат овие возила со таблички РКС, да влегуваат или да циркулираат на и низ територијата на Република Косово“, пренесе РТВ 21.

ИНА: Специјалниот суд упадна во куќата на поранешниот советник на Тачи, Артан Бехрами

Специјалниот суд ја започна рацијата во куќата на поранешниот советник на претседателот Хашим Тачи, Артан Бехрами.

Рацијата  се случува еден ден откако Бехрами преку статус на Фејсбук го критикуваше Специјалниот суд дека само ги казнува Албанците, нарекувајќи го фашистички. Исто така, Бехрами го критикуваше и вчерашниот упад во куќите на Блерим Шала, поранешен советник на Тачи и Башким Смакај, поранешен советник на Тачи, кој ја извршуваше и функцијата шеф на КИА, пренесува ИНА.

Газета Експрес – Османи: Предлогот за Заедниците  долго го анализирав, не би се брзала  да кажам дека е во согласност со Уставот

Претседателката Вјоса Османи рече дека нема да брза да го оцени предлог-статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население, дека е во согласност со Уставот, а предложен од меѓународната заедница, како во согласност со Уставот на Косово.

Османи на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече дека „надолго“ го прочитала и анализирала предлогот за Заедницата, но дека оценката треба да ја даде Уставниот суд, пренесе  Газета експрес.

АЛБАНИЈА

РТШ: Лидерите на СПАК во САД Состаноци во канцелариите на Стејт департментот, ДЕА и ФБИ

Високи функционери на Специјалната антикорупциска структура одржаа средби со главните раководители на Министерството за правда од ОПДАТ додека се во студиска посета во САД.

Тие, исто така, се состанаа со водачите на Меѓународната програма за помош во обуката за криминални истраги (ICITAP).Обвинителите на Специјалната антикорупциска структура разговараа и за безбедносните предизвици со американската служба за маршали, која ги штити судиите, обвинителите, судскиот персонал и сведоците, пренесува РТШ.

КОЛУМНА

Сури: Феноменот Рита Ора и балканскиот менталитет

На Рита Ора вака и судевме деновиве. Ова е овозможено од нашата перспектива дека Рита Ора ја гледаме како што се гледаме себеси. Жената отишла со сопругот да се забавува на спортски натпревар во Париз … спонтаната блискост со српски спортист  националист ги натера повеќето да судат, дури и да ја прогласат за „предавничка“, пишува авторот Шенол Мухареми во колумната „Феноменот Рита Ора и балканскиот менталитет“, објавена во Сури, коментирајќи  ја јавната осуда кон светската ѕвезда со албанско потекло, Рита Ора, која беше фотографирана на спортски настан до тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Толку брзо, од еден чин и од една перспектива. Да живееше Рита Ора во Косово, никогаш немаше да биде она што е денес, светска ѕвезда. Ни помага цело време, без интерес, без услови… без ништо за возврат. Никогаш не направивме ништо во врска со тоа, но ја осудивме  во првата секунда кога ја добивме шансата. Така што, токму тоа ги обесхрабрува другите луѓе да ви помогнат следниот пат, пишува Мухареми.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

Во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

July 9, 2025

Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk