ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Објавен предлог статутот за Заедницата; рударите на Трепча казнети по дневници; Србија не ги бара своите граѓани уапсени во Косово; екстремната десница во Албанија во подем

November 1, 2023 11:18
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нацртот предложен  за Заедниците со општинско мнозинско српско население што од Европската унија, им беше претставен на Косово и Србија при посетата на 21 октомври, е објавен на дебатна емисија во една од косовските телевиии. вршителот на должноста  раководител на „Трепча“, Енис Абдурахмани донесе одлука за стопирање на исплатата за редовните дневници и за сите рудари кои штрајкуваа. Денеска се навршуваат девет дена од почетокот на штрајкот на рударите кои . бараат навремена реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Телеграфи: Објавен предлог-статутот за Заедницата, кој на 21 октомври им беше доставен на Курти и Вучиќ

Нацрт-статутот за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население, предложен од Европската унија на 21 октомври, обезбедува рамковна самоуправа со значителна автономија за заедницата на косовските Срби.

Главните цели во нацрт-статутот се соопштуваат дека се: „Имплементацијата на основниот договор од 2013 година ратификуван од Косово и договорот од 2015 година, обезбедува рамка за самоуправа со значителна автономија за заедницата на косовските Срби, двојна заштита“.

Овој предлог-статут има содржина од 11 страници и писмено ги содржи начелата, целите и овластувањата на основањето на Здружението.

Врз основа на овој предлог-статут, Заедницата ќе има свое собрание, претседател, потпретседател, управен одбор, советодавен совет и канцеларија за жалби. Додека пак, во заклучоците од нацрт-статутот се нагласува дека „нацрт-статутот не преминува ниту една од црвените линии на Косово“.

Нацртот предложен од Европската унија, им беше претставен на Косово и Србија при посетата на 21 октомври на овие две земји на претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија, пренесе Телеграфи.

Газета Експрес: Раководството на „Трепча“ ги казнува рударите кои штрајкуваат, им ги стопира дневниците и платените оброци

Денеска е деветти ден од штрајкот на рударите од флотациониот рудник. Бараат навремена реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа. За овие барања бараат писмени гаранции.

Вчера, вршителот на должноста  раководител на „Трепча“, Енис Абдурахмани донесе одлука за стопирање на исплатата за редовните дневници и за сите рудари кои штрајкуваа, пренесува Газета Експрес.

Арбреш: Србија не ги бара своите државјани кои се уапсени на Косово

Четворица српски државјани, со потерници од меѓународната полициска агенција Интерпол, се уапсени годинава на Косово – последниот на 30 октомври.

Но, двајца од нив веќе се ослободени, откако поминаа во притвор од 40 дена – колку што предвидува Законот за меѓународна правна соработка на Косово – а Косово нема добиено никакво барање од Србија за нивна екстрадиција.

Двете земји имаат Договор за взаемна правна помош од 2013 година, но имплементацијата на овој договор не се спроведува од страна на Србија, пренесува Арбреш.

Телеграфи: Пријавени се 63 случаи на напади и закани врз новинари – од нив 30 се евидентирани додека известувале од северот

Здружението на новинари на Косово соопшти дека од јануари до октомври годинава биле пријавени 63 случаи на напади и закани врз новинари.

ЗНК соопшти дека од овие 63 пријавени случаи, 30 случаи се евидентирани при известување на новинари и медиуми на северот од државата, а останатите се пријавени од разни други области и прилози, пренесува Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Вчерашните тензии во претседателството на Собранието/ Пратеникот на ПД ги појаснува последните движења на опозицијата

Ден по жестоките тензии меѓу опозицијата и мнозинството, во Претседателството на Собранието, каде што беше собран Секретаријатот за етика, доаѓа реакција од демократскиот пратеник Дашнор Сула.

Во реакција на „Фејсбук“, Сула, обраќајќи им се на албанските граѓани, нагласува дека во Собранието започна нова реалност. Меѓу другото, Сула додаде дека демократите во трет план ја оставиле политичката иднина, и дека започнива акцијата на грижа за оние кои гласале за нив, пренесува Балкан веб.

КОЛУМНА

Панорама: Заживува ли екстремната десница во Албанија, благодарение и на Бериша?

„Сè помалку се зборува за иднината на десницата во Албанија. За многу од нејзините цврсти поддржувачи, таа останува идентификувана само со Демократската партија и неколку нејзини мали сојузнички  партии, пишува авторот Бен Андони во колумната „Заживува ли екстремната десница во Албанија, благодарение и на Бериша?“, со осврт на десничарскиот тренд во пораст, кој ја зафаќа и Албанија.

“Сè повеќе збунувачки во однос на  сегашноста, каде што нејзината поделба веќе не е само факт, туку се претвора во феномен во албанското политичко општество, таа стигнува до целта, каде малкумина можат да ја предвидат светлината на крајот од тунелот. Првиот од неможноста да се создаде современ идентитет и вториот од неговата идеолошка двосмисленост. За првата „се погрижи“ целата нејзина партија по кобната загуба од 2013 година, а особено г. Баша од челната позиција, пишува Андони во колумната  бјавена во албанскиот медиум Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

Во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

July 9, 2025

Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk