ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Специјалното обвинителство продолжува со рациите во Косово; Рударите и Специјалните единици на протести; албанското собрание како „бојно поле“; кредити на „жимимајка“

November 2, 2023 12:28
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на поранешните советници на поранешниот претседател Хашим Тачи, што косовските медиуми го нарекоа нов бран рации и опасен преседан. Во Косово се одвиваат протести – веќе десет дена протестираат рударите од Трепча, а по протестите Специјалната единица за интервенции на полицијата, денеска на протести излегоа и од Специјалната оперативна единица на КП, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТВ 21: Нов бран рации во Косово

Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на поранешните советници на поранешниот претседател Хашим Тачи. Вчера во текот на денот беше извршена рација и во куќата на поранешниот советник на Хашим Тачи, Исмаил Сула.

Специјалниот суд во одговорот за РТВ21 рече дека не можам да коментирам за рациите што ги изврши во последните денови на Косово, а кои се поврзани со судскиот процес против поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг. Овие рации, според Бехџет Шала од Советот за заштита на човековите права и слободи, се опасен преседан, пренесе РТВ 21.

Газета Експрес: Десетти ден од штрајкот на рударите во Трепча

Синдикатот на рударите Трепча и денеска го продолжува штрајкот со глад.

Тие штрајкуваат десетти ден, штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат нивните три барања. Првиот човек на Синдикатот на рударите Трепча во Стан Трг, Ибрахим Јонузи,  изјави дека иако платите на рударите им биле префрлени во средата, но дека  штрајкот нема да престане додека не се исполнат сите нивни барања.

Јонузи дури рече дека здравствената состојба на рударите е сериозна, пренесува Газета Експрес.

Инфокус: По ФИТ денеска протестира и Специјалната оперативна единица на КП

По протестот и изразувањето на незадоволство во врска со покачувањето на платите и опасноста при работа од страна на Специјалната единица за интервенции на полицијата и тоа за експлозиви и деминирање, денеска (четврток) ќе протестира и Специјалната оперативна единица, пренесува Инфокус.

Балкан Веб: По одлуката на косовската влада за нелегалните српски регистарски таблички, редици пред центарот за регистрација на автомобили на северот на Косово

„Колона возила со регистерски таблички „КМ“ е забележана утрото на 2 ноември пред Регистрацискиот центар во Северна Митровица, откако Владата на Косово на 30 октомври одлучи да го одложи рокот за пререгистрација на возилата со незаконски Српски регистарски таблички во оние на РКС – Република Косово. На одложувањето на рокот му претходеше барање на Управата на косовската полиција за северниот регион упатено до Министерството за внатрешни работи на Косово. Ова барање се засноваше на барањата на граѓаните кои побараа овој рок да се продолжи.“, пренесува Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Собранието како „бојно поле“/ Пратениците од опозицијата ги превртеа столчињата и го зачадија Собранието! Мнозинството ги одобри постоечките закони

Невообичаена пленарна седница! Пратениците од „Обнова“ денеска дојдоа во Собранието со јасно сценарио, со цел да го блокираат Форумот.

Пред почетокот на седницата, дел од пратениците на „Ритемелими (Обнова)“ на чело со Сали Бериша излегоа во Собранието, земајќи ги столчињата на мнозинството и во знак на протест ги превртеа пред собраниската говорница.

И покрај ова, пратениците на Социјалистичката партија останаа на нозе во своите фотелји, одобрувајќи ги предлог-законите кои беа на дневен ред. Претседателката на Собранието Линдита Никола изрази определба Собранието да продолжи со ред, игнорирајќи го хаосот што го правеа пратениците на ДП.

Додека Никола ги изнесуваше сметките, пратениците плескаа со рацете по масите, па дури и пуштија син чад. Бучавата и чадот не ги спречија пратениците на Социјалистичката партија да ги одобрат 18-те точки од дневниот ред. По само 30 минути седницата беше затворена среде хаосот, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Коха: Кредит на „жимимајка“

Приказна за тројца браќа, од кои едниот можеби е претседателот на Србија, раскажува авторот Ветон Сурои во колумната Кредит на „жимимајка“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Така што, во врска со приказната за тројцата браќа, на првиот што ќе побара заем му се дава право и му се кажува дека Банката мора да дава кредити без потпис и документација. „Ќе го вратам, жимимајка“ е гаранција, потпишувањето на документите е формалност. И на вториот му се дава право да ги добие парите за куќата без да потпише купопродажен договор: „сите знаат дека си ја купил“ е гаранција, договорот е формалност. И, во секој случај, на третата страна му се дава право да смета дека има договор со ЕУ, да избере што е договор, а што не. „Ме знаеш, ќе ги спроведам“ е гаранција, потпишувањето (посвојувањето) е формалност, пишува Сурои.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Куманово во чад, неколку пожари на различни локации

July 9, 2025

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk