Детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки, како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и претставниците на Општина Тетово.
На средбата, како што информираат од МТСП, биле разгледани потребните чекори за завршување на изградениот објект – клон на градинката „Младост“ во Тетово финансиран од Европската Унија.
Тренчевска истакнала дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование.