ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Замир Мехмети: Иван Мирчевски е срам за новинарската фела

November 2, 2023 10:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МЕДИУМИ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски, реагира во објава на Фејсбук Замир Мехмети за вчерашниот инцидент во емисијата Само вистина.

„Велам не сум изненаден имајки го предвид фактот дека со дотичниот сум имал можност да дебатирам кога во Советот имавме дебата за родова еднаквост во националните телевизии и одблиску се уверив дека се работи за ноторен лажго и опасен манипулатор, кога без срам не убедуваше дека во телевизијата каде он е директор нема никаква дискриминација, па дури дека жените се најгоре на пиадесталот, додека во исто време во Канал 5 се емитуваше шоуто на Миленко кое од почеток до крај беше преполно со говор на омраза, со расна, родова и етничка дискриминација, а директорот се правеше наудрен или „јас нисам одавде” Во тоа време Миленко во неговата емисија ја навредуваше новинарката Мери Јордановска со најдолни зборови, ширеше невиден говор на омраза кон неа и кон други нејзини колешки и колеги новинари. Во еден момент му реков – Нели Ви е срам директоре да држите вакво лажно предавање за родова еднкавост, додека Миленко навредува и шиканира новинарки во телевизијата каде Вие сте директор? Он на тоа со наведната глава кратко одговори дека тоа шоу е од приватна продукција и они не смеат да се мешаат во уредувачката политика. Сакаше да се сокрие под едно штуро десет секундно делче пред почетокот каде се велеш дека ставовите во емисијат не се ставови на .телевизијата“, истакнува Мехмети.

Тој нагласува дека „вечерва бевме сведоци дека овој човек си дозволува за право да се вмеша среде емисија и да побара почитуваниот, коректниот и умерниот Рамадани да го прикаже како националист и да побара негово остранување од емисијата и прекинување на истата“.

„И замислете да ни се продаде сите нам гледачите како отворен, неоптоварен и професионален човек и новинар, со булшити од типот јас имам многу браќа Албанци, како тоа да е нешто многу ненормално, а ете он широкиот сепак нема проблем со тоа.

Иван Мирчевски е срам за новинарската фела и фактот дека он е директор на национална телевизија говори доволно до кое дереџе за жал денес се медиумите“, наведува Мехмети во неговата реакција.

Фото:Скриншот

Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата.

На Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките односи во Северна Македонија.

Ј. Ѓ.

Tags: Замир МехметиИван МирчевскиКанал 5
Next Post

ЦУК: Активен е еден пожар кај месноста „Мала Река“ во општина Студеничани

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk