fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Преку „Зелениот финансиски инструмент” 46 милиони евра се ставаат на располагање на бизнисот и граѓаните за воведување на технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

November 3, 2023 14:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанотот за промоција на финансиски продукти од проектот „Зелен  финансиски инструмент”, кој се имплементира во соработка со агенциите на Обединетите нации, УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ и ЕБРД.
Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека за него, овој проект е исклучително значаен бидејќи е начинот на кој можеме да имаме реален инпакт кон постигнување на нашите заеднички цели од Агендата 2030, за што во септември на 78-то Генерално собраните на Обединетите нации, се усвои Политичката декларација за забрзување на имплементацијата на Целите за одржлив развој од сите земји членки на Обединетите нации.

„Имајќи предвид дека сите држави се справуваат со глобални кризи, како пост ковид економското закрепнување, енергетската и економска криза, сметам дека овој проект со своите продукти кои се наменети кон малите и средни претпријатија и граѓаните од недоволно опфатени категории, е одлична можност да ја изразиме својата силна посветеност на забрзување на имплементација на Агендата 2030 и остварување на Целите за одржлив развој. Особено важно е дека преку имплементацијата на овој проект, токму приватниот сектор и граѓаните ќе земат активно учество во борбата со загадувањето и климатските промени“, рече Битиќи.

Во неговиот говор, вицепремиерот Битиќи рече дека Зелениот финансиски инструмент, кој започнува од денеска и ќе се имплементира до април 2026 година, има на располагање 46 милиони евра кои ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки, кои се наменети и ќе можат да ги користат малите и средни претпријатија и граѓаните од ранливите категории.

„Практично, средните и малите компании и граѓаните, со фокус на недоволно опфатените  категории, ќе можат преку комерцијалните банки да имаат пристап до кредити со грантова компонента со кои ќе можат да инвестираат во топлински пумпи, инвертери, клима уреди, котли, сончеви колектори за топла вода, фотоволатици, меѓу останатите продукти. Покрај ова, за олеснување на процесот и осигурување на правилно искористување на средствата, ним ќе им биде на располагање и бесплатна техничка помош. Овие 46 милиони евра се финансирани од  глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој или Joint SDG fund, Европската банка за обнова и развој, комерцијалните банки и Владата на Репбулика Северна Македонија“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи објасни дека ова е финансиски механизам преку кој целиот екосистем на банки, продавачи на производи и даватели на услуги и Владата, се стимулираат да работат заедно со различни засегнати страни за да се обезбеди потребната финансиска и техничка поддршка што ќе ја забрза транзицијата кон иновативни решенија за обновиливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

„Зелениот финансиски инструмент ќе отклучи приватен тек на капитал од финансиски институции, мали и средни претпријатија, односно бизнис секторот, а ќе се помогне и на домаќинствата, со фокус на ранливите категории на граѓани“, рече Битиќи.

Во неговиот говор, вицепремиерот Битиќи се осврна и на целите кои треба да се достигнат преку овој проект, а се засноваат на  Националните стратешки документи, како Стратегија за развој на енергетиката и со ревидиранииот „Национален придонес за климатските промени“, но истовремено и со Европскиот Зелен договор, а тоа особено е важно во отпочнувањето на скриниг процесот на поглавјата во процесот на пристапувањето кон Европската унија.

„Со оглед на тоа што енергијата и климатските промени како и загадувањето на воздухот се меѓусебно поврзани, и  овој проект, вистина го гледам како одлична можност за совладување на заедничките предизвици. Благодарам на сите што дадоа свој придонес во овој проект и верувам дека заедно ќе постигнеме значителни успеси“, заклучи вицепремиерот Битиќи.

Tags: „Зелениот финансиски инструмент"Битиќиенергетска ефикасност

НАЈНОВО

Фото МИА

Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово-продолжува штрајкот на комуналните работници поради неисплатени плати и придонеси

November 30, 2023

Битиќи: Со новиот пакет на антикризни мерки, бизнисот ќе биде поддржан со над 492 милиони евра

November 30, 2023

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: ЕК побара Специјалните единици да не се носат на северот на Косово за обични задачи; во последните 72 часа уапсени и кривично гонети 72 лица во операцијата „Храм“ во Албанија

November 30, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Пак нè извеслаа: Тие, со антикризни 700 милиони евра за народот, а ние толку дадовме за стиропор во Скопје 2014

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Никој нема да биде оставен сам“, за мене е сосема доволна и важна порака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им се придружуваат на Левица во фронтот против ЕУ и Албанците во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор; Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ; Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk