ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Според Би-Би-Си Баша бил тајно финансиран од Русија; рациите на СО во Косово поврзани со спроведувањето на правдата; рударите на Трепча го прекинаа десетдневниот штрајк

November 3, 2023 12:04
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Британската Би-Би-Си објави истражување во кое се споменува претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша. Во центарот на истражувањето е „офшор“ компанија наречена Алфа Консалтинг, која помогнала да се создадат неколку компании кои други ги користел блискиот круг на Владимир Путин, пишуваат албанските медиуми.

Во Косово, Канцеларијата на Специјализираното обвинителство (СО), преку кратко соопштение за медиумите, потврди дека спроведува тековни операции  во истражен процес кој се фокусира на кривични дела против спроведувањето на правдата.

Ова се само дел од темите издвоени од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Калѕо -Истрага на Би-Би-Си: Сомнежи дека Лулзим Баша бил тајно финансиран од Русија

Британската радиодифузна мрежа Би-Би-Си објави истражување во кое се споменува претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша. Во центарот на истражувањето е „офшор“ компанија наречена Алфа Консалтинг, која помогнала да се создадат неколку компании кои други ги користел блискиот круг на Владимир Путин, вклучително и онаа која ја криела јахтата на покојниот платеник шеф Евгениј Пригожин. Алфа Консалтинг соработувале  со повеќе од 900 британски компании, помагајќи им да ги сокријат своите вистински сопственици, пренесува Калѕо.

КОСОВО

ЕО: Од СО појаснуваат дека рациите се поврзани со истраги за кривични дела против спроведувањето на правдата

Канцеларијата на Специјализираното обвинителство (СО), преку кратко соопштение за медиумите, потврди дека спроведува тековни операции на Косово во истражен процес кој се фокусира на кривични дела против спроведувањето на правдата.

„Операциите на СО оваа недела се овластени од судството од страна на Специјализираните комори на Косово (ДХСК) и поддржано од косовската полиција и Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС)“, се вели во коминикето, објавено во вечерните часови, пренесува Економиа Онлајн.

Балкан Веб: Договорот е постигнат, штрајкот на рударите на Трепча е прекинат

Штрајкот на рударите на Трепча, кој траеше над 10 дена, синоќа среде ноќ беше прекинат по веќе постигнат договор. Штрајкот е прекинат на полноќ, по дискусија со пратениците на ЛВВ, пренесе Балкан Веб.

Рударите на компанијата „Трепча“ штрајкуваа на 24 октомври. Барањата на рударите се платите да им се исплаќаат навреме, да има подобрување на условите за работа, здравствено осигурување и разрешување на раководството.

Слободна Европа: Османи вели дека предлог-статутот на Заедницата треба да го разгледа Уставниот суд

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово треба да биде предмет на разгледување на Уставниот суд на земјата, пренесе Радио Слободна Европа.

Ваквите коментари Османи ги дала на средбата со амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер, се вели во соопштението од Претседателството на Косово.

Сури нет: Денеска се протестира за Астрит Дехари

Се очекува денеска да се одржи протест за случајот на Астрит Дехари. Ова преку објава го соопшти адвокатот на семејството Дехари, Томе Гаши.

Во 12.00 часот пред Специјалното обвинителство во Приштина на плоштад Захир Пајазити во центарот на Приштина. Крвта на Астрит не се простува. Поминаа 7 години од убиството на Астрит, а Обвинителството не сака да ја открие вистината. Протестот ќе се одржи поради невнимание на Обвинителството во истрагата за убиството на активистот на Движењето Ветевендосје!, пишува во објавата, пренесува Сури нет.

КОЛУМНА

Бота Сот: ЕУ е на страната на Србија, само САД  се вистински пријатели на Косово

Немоќта  на ЕУ да ја натера Србија да го потпише договорот со Косово го оневозможи постигнувањето на договорот и 12 години подоцна. За неколку недели влегуваме во 13-та година од почетокот на преговорите Косово-Србија, засега без никаков успех, пишува авторот Фатон Мехмети во колумната „ЕУ е на страната на Србија, само САД  се вистински пријатели на Косово“, објавена во Бота Сот.

Мехмети поставува прашање зошто никако не може да се постигне договор помеѓу Србија и Косово, и воедно дава одговор, дека проблемот е Србија, бидејќи ја има поддршката од ЕУ.

Најнормално и најупорно прашање би било: Каде е проблемот да не се постигне договор?! Можеме да одговориме и на ова прашање – Србија, а потоа ЕУ.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Средба Грковска – Рокгаку: Проценката на ризиците од корупција и јакнењето на интегритетот се клучни во превенцијата на корупцијата

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk