ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Џафери: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе ги спроведам моите надлежности и ќе распишам избори

November 8, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека доколку политичките партии не постигнат консензус за датумите за изборите тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори.

Џафери смета дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.

На новинарско прашање во однос на тајминзите за распишување на избори, Џафери појасни дека политичките партии кои се во Собранието имаат можност до нова година да најдат консензус по однос на двата термина за двата изборни процеси, парламентарни и претседателски. Тој нагласи дека двата изборни процеси се разликуваат и по уставните и законски рокови, редовноста и спроведување на постапката.

– Во крајна инстанца, моја уставна и законска надлежност и обврска е да водам сметка за термините за спроведување избори коишто би биле во рамки на уставните и законските рокови. Партиите имаат можност да се усогласат и да кажат кога ќе бидат подготвени да учествуваат, а моја обврска е да спроведам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој смета дека треба да се води сметка за повторување на поединечни места од вториот круг доколку тие резултати влијаат на конечниот исход на избори. За парламетарните избори тој напомена дека тие треба да се спроведат во рамките на последните 90 дена од мандатот на актуелниот состав.

– Доколку имаат согласност во ред, доколку не, настапуваат моите обврски овластувања. Затоа што јас не можам да се раководам по партиските одлуки, дали ќе остварат консензус или не. Јас имам обврска во рамки на законски рокови да распишам избори, рече Џафери кој со министерот за образование Јетон Шаќири присуствуваше на настан во Форино.

Џафери појасни дека роковите за распишување е минимум 70, до максимум 90 дена. Во однос на парламентарните избори како резултат „Пржинскиот договор“ и Законот за влада, 100 дена пред гласање, дали вонредни или редовни треба да има техничка влада.

Околу продолжувањето на седницата за уставните измени тој напомена дека точката на дневен ред била уште во август и општата дебатата е завршена.

Седницата е прекината и чека на пратениците и тоа да рефлектира на пратениците за обезбедување соодветното мнозинство. Дали и како ќе рефлектира, тоа не е прашање коешто треба мене да ме засега. Тоа прашање ги засега субјектите, односно претставниците присутни во собранието, подвлече Џафери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориизјаваЏафери

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk