Кристалната ноќ, или Ноќта на скршеното стакло (9 и 10 ноември 1938 година) е масовен погром против Евреите, организиран од страна на Нацистичката партија, а спроведен од СА – паравојската на Нацистичката партија, како и од Хитлеровата младина (Hitlerjugend) – младинската организација на истата. Германските власти и полиција, немо го посматрале настанот, без никаква интервенција.