ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Дел од оружјето во Бањска е од српската фабрика „Застава“; САД со силни гаранции за Заедницата; во Албанија пратениците од опозицијата продолжуваат со инциденти

November 10, 2023 12:18
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Fotо: Bujar Terstena(RFE/RL)

Fotо: Bujar Terstena(RFE/RL)

Share on FacebookShare on Twitter

Српската фабрика за оружја „Застава“ потврди дека фрлачи на гранати М93, запленети по нападот во Бањска, се дел од нивната архива. Среде вревата и критиките за тоа што косовскиот премиер изразил подготвеност да го потпише на 26 октомври, во четвртокот граѓаните на Косово добија уверување дека оваa Заедница нема да има извршни овластувања и нема да создаде дополнително ниво на моќ, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Радио Слободна Европа: Фабриката за оружје во Србија признава дека фрлачите на гранати конфискувани во Бањска се во нејзината производствена архива

Два фрлачи на гранати М93, кои беа запленети по вооружениот напад во Бањска во Звечани, се дел од архивата на производството на фабриката за оружје „Застава“ во Крагуевац.

Ова се наведува во одговорот што овој производител на оружје во Србија го испрати до Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, по барањето за пристап до информации од јавно значење.

Бота Сот: Косово доби силни гаранции од САД за Заедницата – Конечниот збор во Уставниот суд

Среде вревата и критиките за тоа што косовскиот премиер изразил подготвеност да го потпише на 26 октомври, во четвртокот граѓаните на Косово добија уверување дека оваa Заедница нема да има извршни овластувања и нема да создаде дополнително ниво на моќ.

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека нацрт-статутот што му е предложен на Косово за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство ги исполнува сите критериуми што ги предвидуваат САД за тоа.

„Тоа мора да биде во согласност со сегашниот Устав на Косово. Не треба да се бараат уставни измени. Тоа мора да биде во согласност со одлуките на Уставниот суд. Не треба да има извршни овластувања. Не треба да има дополнително ниво на моќ.“, изјави меѓу другото Ховениер, пренесува Бота Сот.

Зери – Извештај на ЕК за напредокот: Не е јасно како ќе бидат обесштетени жртвите на воените злосторства

„Европската комисија во средата го објави Извештајот за Косово за 2023 година (период јуни 2022 – јуни 2023 година). Врз основа на овој извештај, Косово до сега не понуди финансиска поддршка за жртвите за кои Специјалниот суд утврди дека настрадале како резултат на војната и злосторствата против човештвото.“, пренесе Зери.

Арбреш: Нападнат в.д.  директорот на рудникот во Трепча

Вршителот на должноста директор на рудникот Трепча, Бахри Карача, бил физички нападнат во неговата канцеларија.

Веста за Арбреш инфо. ја соопшти портпаролот на регионалната полиција во Митровица, Авни Захити. Карача потоа бил испратен на укажување лекарска помош, додека осомничениот бил приведен на разговор во полициската станица во Митровица.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Инцидент во раните утрински часови на состанокот на Комисијата за европски прашања

Се случи инцидент во раните утрински часови на состанокот на Комисијата за европски прашања. Пратениците на ДП, Оерд Биликбаши, Саимир Кореши и Лефтер Гештења побараа комисијата да биде затворена, не дозволувајќи да продолжи состанокот.

Во оваа комисија се расправаше за одобрување на Комисискиот Календар за разгледување на фискалниот пакет и предлог-законот „За Буџетот за 2024 година“. За време на средбата, пратениците интервенираа со плескање со рацете на масата додека го креваа својот глас. Ова е повторен случај од страна на пратениците бидејќи го спречија состанокот и во други комисии, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Бота Сот: Генезата на политичарите милионери од украдени пари!

„Повеќето од милионите  од наводно „наследеното“ богатство на поранешните власти  (денешна опозиција) се од два познати фонда: Фондот „ТАТКОВИНА ПОВИКУВА“ инаку познат како „Воен фонд“ и „3% фонд“ или „Фонд на Републиката“, пишува косовскиот автор Флорим Зеќа.

Тој во колумната се осврнува на милионите евра од дијаспората што со децении се слеваат во Косово во неколку фондови наменети за потребите на државата и населението.

И покрај тоа што имаше обвинувања и контраобвиненија за злоупотреба на парите на народот, поточно милиони сонародници од нашата дијаспора, ниту еден случај не е отворен од обвинителството и покрај тоа што од 1999 година е можно да се направи таков работа!“, пишува Зеќа понатаму во колумната „Генезата на политичарите милионери од украдени пари!“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

July 6, 2025

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

July 6, 2025

Мицкоски ретерира: Нема да има данок за немажени и неженети, сакав да отворам дебата

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК ќе утврдува нови кандидати за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk