ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Заврши пописот во Албанија; 29 организации бараат да албанската влада да се повлече од договорот за бегалци со Италија; Самоопределување со свој огранок во Северна Македонија може да учествува на следните избори

November 17, 2023 10:39
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, заврши процесот на Пописот на населението и становите 2023. ИНСТАТ соопштува дека продолжува со работа на теренска проверка на станбениот статус и одбивањата, процес кој ќе продолжи до 24 ноември. Група од 29 организации фокусирани на човековите права, се обратија до албанската влада во отворено писмо во кое бараат повлекување на Албанија од договорот со Италија за бегалците. Не е исклучена можноста политички субјект кој ќе  произлезе од  движењето „Самоопределување“ на Албин Курти,  да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија.

Во породолжение се сите теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

РТШ: Во Албанија заврши пописот на население за 2023 година, почнува проверката на терен

Заврши процесот на Пописот на населението и становите 2023. ИНСТАТ соопштува дека продолжува со работа на теренска проверка на станбениот статус и одбивањата, процес кој ќе продолжи до 24 ноември.

„За проценка на квалитетот на процесот и опфатот, од 20 ноември до 20 декември 2023 година, ИНСТАТ ќе организира Пост-пописна анкета според препораките на Обединетите нации и Европската Унија, во 100 пописни подрачја, распоредени низ целата земја. Во овој процес ќе бидат ангажирани 100 геодети и 25 инспектори кои повторно ќе тропнат на вратите на граѓаните, во избраните области“, соопштуваат од ИНСТАТ и ги повикуваат граѓаните да ја олеснат работата на персоналот, пренесе РТШ.

Газета Тема: Организации за човекови права бараат од владата да се повлече од договорот за бегалците со Италија

Група од 29 организации фокусирани, меѓу другото, на човековите права, се обратија до албанската влада во отворено писмо каде бараат повлекување на Албанија од договорот со Италија за бегалците, истовремено изразувајќи загриженост дека договорот води до кршење на човековите права,  и незаконски затвор, пренесе Газета Тема.

Епока е Ре: „Отворен Балкан“ ја „разочара“ Албанија, надежите остануваат во Берлинскиот процес

Албанија имаше мала корист од Отворениот Балкан, барем во една насока, онаа на економијата. За повеќе од три години регионална соработка со Србија и Северна Македонија, земјата одржуваше кревка позиција во надворешната трговија, дури и продлабочувајќи го трговскиот дефицит.

„Отворен Балкан“ беше попозитивен за Албанија во однос на странските инвестиции. Податоците на Банката на Албанија покажуваат дека во периодот 2020-2022 година земјата обезбедила 3,34 милијарди евра странски инвестиции, бројка што е 2 пати поголема од онаа што ја постигнала Северна Македонија, но 3,5 пати помала од Србија. (графикон 3) Економските експерти проценуваат дека овие бројки може значително да се зголемат под влијание на Берлинскиот процес, „оживеан“ од германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Епока е Ре.

Телеграфи – Европски извештај: Албанските мрежи активни во „куќи на трева“ во неколку европски земји

Според извештајот „Пазар на дрога во ЕУ, канабис“, врз основа на податоци од неколку заеднички меѓународни истраги, се чини дека особено албанските и српските мрежи се вклучени во одгледувањето на канабис во големи размери во Европската унија, особено во Шпанија .

Во извештајот се споменуваат неколку случаи на сузбивање криминални мрежи, вклучително и албанските за одгледување канабис во затворени средини, пренесе Телеграфи.

КОСОВО

Бота Сот: „Самоопределување“ се обидува да ја прошири власта и во Северна Македонија

Не е исклучена можноста политички субјект кој ќе  произлезе од  движењето „Самоопределување“ на Албин Курти,  да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија.

Веќе се започнати активности за формирање на правно лице од движењето во Косово, кое ќе биде регистрирано во Северна Македонија.

Се очекува да биде предводено од Беким Ќоку, советникот за односи со Северна Македонија на премиерот на Косово, Албин Курти, како и поранешниот дипломат и поранешен кандидат за претседател на Северна Македонија, Блерим Река, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Бота Сот: Заедницата  и „бела Африка“

Косово строго ги почитува и спроведува меѓународните закони за етничките малцинства. Конкретно, владата на Косово се грижеше за српското етничко малцинство. Уставот на Косово им гарантира повеќе права од кое било друго малцинство во светот. И тогаш што бараат? Нека покажат точно кое право го имаат другите малцинства во светот што го нема српското етничко малцинство на Косово. Но, всушност „зајакот се крие“ на друго место. Всушност, Србија секогаш кога ќе ја спомене Заедницата, мисли на „бела Африка“, пишува авторот Зија Леши во колумната „Заедницата и „бела Африка“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: апбански медиумиизборрегион
Next Post

ЗНМ и ССНМ денес со новинарски протест пред граѓанскиот суд: Правото на граѓаните пред интересот на моќниците

НАЈНОВО

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

September 10, 2025
Фото: Геенрирано со ВИ

Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

September 10, 2025

Фон дер Лајен најави построги мерки против Израел, осудувајќи го гладувањето во Газа

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk