ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инаетот на УО на ЈП Водовод и советниците од ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје ќе ги остават скопјани без вода?

November 22, 2023 12:43
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

“Снаоѓајте се. Од 28 ноември нема да ви бидат продолжени договорите за вработување”. Вака накратко би гласело писмото кое го добиле вработените од ЈП Водовод и канализација Скопје од страна на менаџментот.

Претпријатието нема пари за да исплаќа плати на времено вработените, а агенцијата преку која се ангажирани го потрошила буџетот.

Инаетот на ВМРО ДПМНЕ и советниците од оваа партија во градот Скопје и членовите на УО кои се именувани од истиот совет, а сè со поддршка од ВМРО ДПМНЕ, кој го водат со градоначалничката Данела Арсовска ќе остави на улица 60 вработени, а Скопјани би можеле да останаат и без вода за пиење?

Членовите на УО ги отфрлаат барањата на секторските директори кои алармираат, а советниците од ВМРО ДПМНЕ не сакаат да го донесат планот за вработување во претпријатието.

Според информациите од дел од раководните структури во претпријатието, скопјани не треба да се секираат. Вода за пиење ќе има.

Пред повеќе од две недели СУТКОЗ испратил писмо и до директорот и до првиот човек на управниот одбор во кое нотира дека работниците се преоптоварени оти недостасува стручен кадар. Уште тогаш синдикатот побарал привремените работници да се вработат на неопределено ако се совесни и професионални.

„Toa би се одразило на нормалното функционирање и извршување на секојдневните работни задачи во претпријатието што доведува до преоптовареност на постојните извршители, неможност за навремено извршување на работните задачи и санација на дефектите на водоводната мрежа на територија на град Скопје. Бараме до крај на 2023 и следната 2024 година да се ангажираат поголем број работници со цел да се релаксира недостатокот на технички персонал“ рече тогаш Столе Кашиковски, претседател на СУТКОЗ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ вчера во интервју за „Макфакс“ рече:

„Доаѓаме сега за тоа што го зборувам цело време а тоа е концептот за Модерно Скопје. Не зависи тој концепт сега во моментот само од Данела, туку зависи и од политичките партии кои се дел од Советот каде што мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Мицкоски.

Дознаваме дека за утре е закажана седница на УО на претпријатието, а според неофицијални информации се очекува и седница на Советот на градот каде ќе треба да се разговара за овој проблем. Според нашите информации, се очекува проблемот да биде надминат пред први декември.

Игор Мицкоски

Преземено: Градска.мк

Next Post
Володимир Зеленски Foto: Wikimedia Commons

Зеленски за забелешките на Трамп: Отстапување територии не е „мировен план“

НАЈНОВО

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

Започнува 22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“

August 20, 2025

Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk