ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Тричковизам” или груевизам!

November 24, 2023 12:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Веројатно сте забележале дека често ги протежирам пишувањата на Маестро Бранко Тричковски.

Знае да биде понекогаш, незгоден, иритирачки. Па дури и вулгарен.

Мислам дека неговиот стил на кој го презентира личниот револт од нашиов однос кон процесите пред кои сме исправени, за многумина е неразбирлив.

Не сакам никого да девалвирам и потценувам. Ама факт е дека голем дел од јавноста не го вреднува вистински значењето на процесите пред кои сме исправени. Опозицијата и голем дел од медиумите  создаваат амбиент на малодушност, резигнација и чувство на безнадежност. Состојба која ги пасивизира сите оние, кои во суштина се за создавање на функционални, напредни, општествени околности. Тие се таргет на опозицијата! Со своето делување минативе неколку години. Со сесрдна поддршка на неодговорните медиуми, со сите сили создаваат амбиент за пасивизирање и неутрализирање на овој дел од граѓаните на нашата држава, кои во суштина ги определуваат процесите. И ја определуваат сопствената иднина.

Тричко, и не само тој, туку и низа други слободољубиви, евроентузијасти, демократски настроени поединци (новинари, интелектуалци…) од петни жили се борат да го подигнат нивото на чувството на личната одговорност на секој од нас во овие историски времиња.

Времиња кога покажуваме дали сме станале зрело општество. Дали еволуираме во своите погледи и ставови, во насока на градење на општествени околности кои ќе бидат претпоставка за градење на толку посакуваните стандарди на живеење.

Го разбирам револтот на оние на кои не им се исполнија очекувањата. Но не го разбирам, нивното неразбирање дека патот за реализација на очекуваните состојби, мора да се изоди. И дека преку изодување на нашиот евроинтеграциски пат може да очекуваме реализација на сите оние политики кои ќе ги испорачаат посакуваните состојби.

Да резимирам – „Тричковизамот”, е можеби груб, но е отрезнувачки!

Вистината со која не соочува, можеби за многумина е непријатна. Ама колку и да е непријатно соочувањето со сопствените небулози и илузии, тоа ќе биде многу помалку болно од соочувањето со последиците со кои ќе се соочиме доколку после сиот напор на прогресивните демократски сили, повторно дозволиме да се вратиме во некој нов груевизам!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Тренчевска и Бочварски: Сите граѓани се подеднакво важни, инвестираме на територија на целата држава со цел подобар животен стандард

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk