ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ подготвува директива за заштита на новинарите и граѓанските активисти од неосновани тужби

November 30, 2023 10:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа политички договор за директивата за заштита на новинарите и активистите за човекови права од неосновани обвиненија или тенденциозни судски постапки, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што претпладнево шпанското претседателство со Европскиот совет, директивата има за цел да го спречи растечкиот феномен на користење на судските тужби како средство за замолчување на оние кои говорат за прашања од јавен интерес. Директивата треба да воспостави процедурални заштитни мерки против таквите тужби во граѓански парници.

Според шпанскиот министер за правда Феликс Болањос, со оваа нова законска регулатива ЕУ ќе ги штити новинарите и активистите за заштита на човековите права од неосновани и тенденциозни судски процеси.

– Нашите демократии се во опасност ако богатите и моќните можат преку судовите да ги замолчат нивните критичари, само затоа што зборуваат за прашања од јавен интерес, додаде Болањос.

Како што наведува Европскиот совет, ваквите тужби обично ги иницираат моќни поединци, лоби групи, корпорации или државни органи со цел да ги цензурираат, заплашат или замолчат критичарите, вовлекувајќи ги во долготрајни и скапи судски постапки се додека не се откажат од изнесување на своите критички мислења или не прекинат со противењето. Типични цели на ваквите тужби се новинарите и заштитниците на човековите права, но на нив можат да бидат изложени и други лица вклучени во јавниот живот, како што се истражувачи или академици.

Зголемувањето на бројот на овој тип на тужби е евидентирано во повеќе извештаи на Европската комисија за почитување на принципите на владеење на правото во земјите членки на ЕУ, како и во анализи на Советот на Европа.

Според одредбите од предложената директивата, новинарите и граѓанските активисти можат да побараат од судовите отфрлање на тужбата уште во рана фаза, доколку е очигледно дека таа е неоснована, при што судот мора да ја забрза постапката по ваквите барања на обвинетите.

Дополнително, новинарите и граѓанските активисти може да побараат лицето или институцијата што ја поднело тужбата да ги сноси трошоците за постапката, вклучително и за нивното правно застапување. Судот, исто така, добива овластување да му изрече казна или други мерки на санкции на подносителот на неоснованата тужба.

Ако против новинар или граѓански активист кој живее во ЕУ биде покрената тужба во трета земја, членките на Унијата се должни да не ја признаат пресудата или да го одбијат нејзиното извршување, доколку се процени дека таа е очигледно неоснована или тенденциозна.

За понатамошна поддршка на жртвите на вакви тужби, земјите членки на ЕУ ќе треба да обезбедат единствен систем на информации за процедуралните заштитни мерки и правни лекови.

Денеска постигнатиот договор сега треба да биде одобрен од страна на Советот на постојани претставници на земјите членки на Унијата (КОРЕПЕР), по што ќе треба и формално да биде усвоен и од страна на Советот на ЕУ и од Европскиот парламент.

Tags: ДирективаЕУновинари
Next Post

Израел и Хамас се договорија да го продолжат примирјето за седми ден

Shortcut

Најново

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност нема

July 27, 2026
Џабир Дерала

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk