ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Човечкиот капитал е клучен сегмент во Националната развојна стратегија

December 1, 2023 16:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесетгодишното партнерство со Светска банка се одбележува во време кога Северна Македонија започнува нов процес, а тоа е Националната развојна стратегија за следните 20 години, која ќе ги адресира сите отворени прашања, кои три децении не сме ги адресирале, рече заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на конференцијата посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи беше говорник на панелот посветен на демографските предизвици и на човечкиот капитал, при што рече дека инвестирањето во човечки капитал е најважната инвестиција и овозможувачки фактор за сѐ друго што правиме, и без инвестирање во него, сите можни стратегии остануваат само идеи на хартија, соопштивладината прес-служба.

– Триесетгодишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија  се одбележува и во момент кога отпочнуваме нов процес, а тоа Националната развојна стратегија за следните 20 години  во кои ги адресираме сите отворени прашања, кои 30 години не сме ги адресирале. Во неа е опфатен и еден клучен сегмент, а тоа е човечкиот капитал. Знаењето и човечкиот капитал се дел од Националната развојна стратегија и се клучни во борбата со демографските предизвици, рече Битиќи.

Тој се осврна и на демографските трендови кои треба да ги согледаме, да ги препознаеме и да не бегаме од нив.

– Треба да ги прифатиме како основа за спроведување на политики. Миграциите ќе продолжат, нема да завршат, нашата држава ќе биде дел од тие процеси, ќе доаѓаат луѓе, но тие кога доаѓаат не секогаш со себе носат лоши навики, туку тие се носители и на капитал, на знаење, на вештини. Овој процес треба да го видиме како можност, а не како пречка за економскиот развој, рече Битиќи.

На панелот, вицепремиерот Битиќи рече дека има повеќе секторски стратегии кои се усогласени со Националната развојна стратегија, со која јасно дефинираме каде сакаме да се движиме во наредните две децении, да креираме можности за младите. Да се справуваме со диспаритетите во државата помеѓу регионите.

– Човечкиот капитал соодветно е адресиран и во Стратегијата за човечки капитал, која се темели на четири столбови, подобрување на квалитетот на услугите во образованието, здравството и социјалната заштита,  ставање многу посилен акцент на потребите на ранливите категории граѓани, зголемени инвестициите во човечки капитал и истовремено зголемена ефикасност на трошењето и, зајакнување на управувачките капацитетите на секторите за човечки капитал, заклучи Битиќи.

На панелот, заедно со вицепремиерот Битиќи, учествуваа и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Паоло Бели, менаџер на пракса, социјална заштита и работни места  во Светска банка и Благица Петреска, извршен директор на Finance Think.

Next Post

Ковачевски: Откако ќе бидат обезбедени сите информации ќе бидат доставени до ЈО, потоа одлука ќе донесе и Владата за состојбите во Агенцијата за филм

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk