На Самитот на ЕУ во Брисел вчера попладнето беше донесена историска одлука Украина и Молдавија да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ.
По повеќечасовни разговори лидерите на земјите-членки одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, и истовремено одобрија кандидатски статус за Грузија, додека преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени кога ќе се објави потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство.
За одлуката за старт на преговори за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс.
„Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија“, објави Шарл Мишел на социјалната мрежа Х.
The European Council has decided to open accession negotiations with Ukraine & Moldova. #EUCO granted candidate status to Georgia. And the EU will open negotiations with Bosnia and Herzegovina once the necessary degree of compliance with the membership criteria is reached and…
— Charles Michel (@CharlesMichel) December 14, 2023
– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, додаде Мишел во објавата.
Мишел во кусата изјава по објавувањето на информациита на Икс, нагласи дека ваквата одлука е многу важна за Украина, претставува моќна политичка порака за украинскиот народ и е подеднакво важна за кредибилиетот на Европската Унија.
– Работевме напорно во подготовката на овој Европски Ссвет со цел ниту една земја членка да не се спротивстави на оваа одлука, ијзави Мишел.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му се заблагодари на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за неговото лидерство, напори и верба во Украина.
„Ми беше драго што ја добив веста за одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина во ЕУ лично од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. напиша Зеленски.
I was glad to receive news on the #EUCO decision to open EU accession talks with Ukraine personally from @eucopresident during our call.
Dear @CharlesMichel, I thank you for your leadership, your efforts, and your faith in Ukraine!
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 14, 2023
Одлуката што ја донесоа лидерите на земјите-членки на Европската унија да започнат преговори со Украина за нејзино пристапување во ЕУ означува нов почеток за Украина и цела Европа, напиша украинскиот министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на платформата за социјалните медиуми Икс.
„Каков историски ден! Доминира една емоција: сè не беше залудно. Одлуката за отворање на преговорите за пристап на Украина во ЕУ е нов почеток за Украина и цела Европа. Им благодарам на ЕУ и на сите лидери што го одржаа зборот. Им честитам и на Молдавија и на Нику Попеску (министерот за надворешни работи на Молдавија – уред.)“, објави министерот.
What a historic day! One emotion dominates: everything was not in vain.
The decision to open Ukraine’s EU accession talks is a new beginning for Ukraine and all of Europe.
I thank the EU and all leaders for keeping their word.
I also congratulate Moldova and @nicupopescu.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) December 14, 2023
САД ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, и да и додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ, соопшти Стејт департментот.
„САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението.
Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската УнијаДенес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани.Уште малку!, напиша Османи
И покрај тоа што може да поминат години, или децении, пред Украина да стане полноправна членка на Унијата, сепак жителите на Киев одлуката на европските лидери ја дочекаа со радост. Многумина од нив мислат дека нивната земја е центарот на Европа, а зеленото светло кое го добија од Брисел е и гласна порака до рускиот претседател Путин.
Сепак, унгарскиот претседател Виктор Орбан ги спречи лидерите на ЕУ да постигнат договор за пакетот финансиска поддршка.
Орбан на социјалната мрежа Икс напиша дека лидерите на ЕУ ќе го разгледаат договорот повторно следната година „по соодветна подготовка“.
Summary of the nightshift:
🚫 veto for the extra money to Ukraine,
🚫 veto for the MFF review.
We will come back to the issue next year in the #EUCO after proper preparation.— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 15, 2023
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Унгарија го блокира договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата, а лидерите на ЕУ одлучија да се вратат на дискусија во јануари.
Тоа прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука.
„Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во следните неколку недели“, изјави Руте додека ги напушташе разговорите. „Се договоривме со 26 земји. Виктор Орбан, Унгарија, се уште не можеше да го стори тоа. Сосема сум уверен дека можеме да постигнеме договор на почетокот на следната година, околу крајот на јануари“, рече Руте.
Одлуката за нов пакет помош за Украина беше отежната поради фактот што продолжувањето на финансиската поддршка за Кијив е дел од законскиот предлог за опсежна ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ.
Остануваат напорите европските лидери да го убедат унгарскиот премиер Орбан да го повлече ветото за Украина да ја добие потребната финансиска помош од ЕУ фондовите
Европскиот совет, исто така, ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство во ЕУ на Западен Балкан, сопствените заложби за поддршка на реформите и економскиот развој во регионот.
Денес, на вториот ден од Самит на ЕУ во Брисел лидерите ќе дебатираат за ситуацијата на Блискиот Исток, при што се очекува да биде упатен повик за ослободување на сите заложници киднапирани од страна на Хамас и да се расправа за справување со алармантната хуманитарна ситуација во Газа.
Д. Мишев / Цивил Медиа