Со одличните настапи на неколку силни турнири во втората половина од 2023 година, Лина Ѓорческа собра доволно поени за WTA листата и обезбеди место на еден од 4-те најсилни тениски турнири во светот.
Australia Open ќе се одржи од 15 до 28 јануари, 2024 година. Квалификациите почнуваат на 15 јануари, а Лина Ѓорческа е рангирана на 111 место. Ова ќе биде втор настап за Ѓорческа на Australia Open. Во 2017 година извојува две победи и во одлучувачкиот меч за пласман на главниот турнир беше поразена во три сета од Швајцарката Stefanie Voegele, којашто во еден момент беше пласирана и на 44 место на WTA листата.
Со формата во којашто се наоѓа Лина Ѓорческа и со малку среќа при жрепката, можеме да се надеваме на добри вести од Мелбурн.
А. Лукароски