Уставните измени, кои предвидуваат внесување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, и во 2024 година, пред и по претседателските и парламентарните избори, остануваат услов за натамошното непречен европски пат и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Блокадата на уставните измени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и покрај напорите на парламентарното мнозинство за изнаоѓање поширок политички консензус, го блокира европскиот пат на Северна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат“, и за задоволување на лични интереси на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, не смогнаа сила да се надминат во интерес на граѓаните, и пред новогодишните празници сите заедно да се радувавме на почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
Дополнително, етикетирањето на последниот „услов“ за непречен пат на земјата кон ЕУ, како „диктат“, априори значи и навреда за еден од најважните меѓународни партнери на Северна Македонија, Франција. Документот познат како „Француски предлог“, предвидува одобрување на уставните измени за продолжување на европскиот „сон“ на државата.
На 16 јули 2022 година, Собранието го одобри францускиот предлог за отворање на патот за европска интеграција на државата. Целта на предлогот е Бугарија да ги повлече своите приговори за членството на Северна Македонија во ЕУ. Документот за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, беше претставен за време на претседавањето на Франција со Претседателството на ЕУ и се состои од седум точки.
Во точка 3 се предвидува наместо „билатерален протокол“ како во првичната верзија, да стои формулација „Се поздравува Договорот за протоколот од втората меѓувладина комисија формирани согласно член 12 од Договорот за добрососедство“.. или поедноставно кажано билатералниот протокол во драфт верзија сега е заменет со „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација, согласно член 12“ од Договорот за добрососедство со Бугарија, кои се влезени во точката 5 од Преговарачката рамка.. И во финалниот документ, добрите меѓусоседски и билатерални односи се критериум.
Уставните измени не беа одобрени поради политичките каприци на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, а како резултат на тоа, Северна Македонија не доби одобрение за почеток на преговорите за поглавјето на самитот на ЕУ во декември.
– Не можевме да ги започнеме разговорите поради опозицијата која реши да ја блокира сопствената држава. Не се откажуваме од нашите цели и не сме потфрлиле. Се бориме да нема единаесет изгубени години, туку само една, бидејќи никој нема да може да ни надомести за изгубеното време, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во сите јавни настапи во текот на 2023 година – потенцираше дека уставните измени ќе бидат одобрени под други услови и околности, без да ја наведне својата алтернатива.
Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, коментирајќи го одбивањето на Мицкоски да гласа за уставните амандмани, изјави: „Не би гласал за некој што вели-имам подобра понуда, но не кажувам каква“.
Во март ќе се носат нови одлуки во ЕУ, пред да се формираат новите тела, но имајќи предвид дека ќе немаме политичка влада, не се очекува ништо во однос на нашата интеграција во ЕУ. Но, без разлика на промените што може да се случат во ЕУ, Северна Македонија мора да продолжи со политиката на градење односи со сите земји-членки на ЕУ.
Дестан Јонузи