ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Мерките од Владата дадоа мерлив резултат, инфлацијата во декември е 3,6% што е за околу пет пати пониска од декември 2022 година

January 9, 2024 15:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Животниот стандард на граѓаните го заштитивме, мерките кои Владата ги креираше и спроведуваше како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза, дадоа мерливи резултати, објави на социјалните мрежи вицепремиерот Фатмир Битиќи .

Тој истакнува дека според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) во декември 2023 година стапката на инфлација изнесува 3,6%, што е за околу пет пати пониска од таа што е беше измерена во декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%.

„Успеавме да постигнеме ниска и стабилна инфлација, цените на потрошувачките добра и услуги да растат на умерен и предвидлив начин, со што се создаваат услови и за постепен раст на реалниот доход на сите наши сограѓани, а тоа носи и сигурност на пазарот. Намалувањето на инфлацијата значи и стабилно опкружување за бизнисот, со што се поттикнуваат нови инвестиции и отворање на нови работни места, со достојни плати за граѓаните. Економските политики на Владата освен што доведоа до намалување на инфлацијата, успаа да поттикнат се поголем и поголем раст на платите. Според последните податоци на ДЗС во однос на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, таа изнесуваше рекордни 38.843 денари, односно истата во однос на октомври 2022 година се има зголемено за 17,3% или за 5.739 денари за една година“, вели Битиќи..

Овој тренд на зголемување на реалната куповна моќ на граѓаните, како што нагласува Битиќи, го поставивме на цврсти системски основи со носењето на законски утврдените методологии за раст на минималната плата и пензиите, што секако ќе продолжи и во 2024 година.

„Со Законот за нефер трговски практики, откако ќе ја помине собраниската процедура, ќе се стави дополнителна бариера за заштитата на животниот стандард на граѓаните од ценовни шокови предизвикани од нефер трговски практики. Со регулирање на 26 трговски практики нема да се дозволи да се користи моќта на одредени компании преку уредување на условите и начинот на кој се врши трговијата со земјоделски и прехранбени производи“, потенцира Битиќи.

 

Tags: Битиќивладини меркиинфлација
Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Влада: Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски да бидат разрешени во М-НАВ, да ги заменат Илир Мехмеди и Милан Кораќ

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk