ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Шкријељ: Да не се шират дезинформации околу партиципацијата на студентите

January 29, 2024 12:55
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

За порталите кои „неофицијално дознаваат дека Владата побарала од УКИМ дали да се зголеми и колку партиципацијата за студирање”, можеле нели да побараат и официјална изјава, ама како тогаш ќе се шират дезинформации, во објава на Фејсбук, реагира пратеничката Санела Шкријељ.

„Па секој студент што плаќа партиципација знае на која сметка ја уплаќа, односно на сметка на факултетот и дека тие носат одлуки и располагаат со тие средства. И ако УКИМ размислува за такво нешто секако дека треба да се реагира, ама таму. Инаку, она за што носи Владата одлука е износот и бројот на стипендиите кои беа зголемени скоро дупло од 2021 година, воведени нови групи стипендии и за првпат воведено како право субвенциониран студентски оброк. Далеку од тоа дека не треба и повеќе, но чисто да е јасно кој што прави“, наведува Шкријељ.

Од МОН истакнуваат дека Износите на партиципација остануваат идентични како и досега

„Министерството за образование и наука реагира на наводите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов“, се вели во демантот на МОН.

Во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како што истакнуваат од МОН, добиле информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес, поjаснуваат од Министерството.

„Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега“, се наведува во реракцијата од МОН.

Поврзано:

Демант на МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање, студентите да бидат спокојни

 

Tags: МОНпартиципацијаСанела Шкријељстипендиистуденти
Next Post

Ковачевски ја предаде премиерската функција на Џафери

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk