ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стравот од губење на изборите од „Европскиот фронт“ го прави Мицкоски деструктивен и агресивен

January 30, 2024 13:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ никако да се излечи од „вирусот“ на опструкции кон државните интереси. Партијата на Христијан Мицкоски, како тандем на ултранационалистичката Левица на Димитар Апасиев, подолго време ја блокираше работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа и многу законски решенија кои се од интерес на граѓаните.

Покрај овие блокади кои предизвикуваат директна штета на подобрувањето на условите на граѓаните, дуото Мицкоски-Апасиев го блокираше и патот на Северна Македонија кон Европската Унија, противејќи се на усвојувањето на уставните измени како последна пречка на европскиот пат на земјата.

Деновиве, иако дел од техничката Влада, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја бојкотира и работата на извршната власт. Нејзините министри нема да се појавуваат на владини седници. ВМРО-ДПМНЕ е единствениот случај на политичка деструктивност кога се во прашање интересите на државата и нејзините граѓани. Иако се дел на техничката влада пратениците наВМРО-ДПМНЕ на собраниската пленарна седница, не гласаа за владиниот кабинет.

Дали опструкцијата потекнува од највите дека ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ќе ги изгуби двојните претседателски и парламентарни избори од „Фронтот за Европа“?

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, вели дека опозициската ВМРО ДПМНЕ е крајно деструктивна.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

– Ако судиме во димензијата на однесувањето како политичка култура, овие постапки на ВМРО-ДПМНЕ треба да се оквалификуваат како крајна деструктивност. Да се стане дел од техничката Влада и да се највува ужас е апсурд. Јасно е дека се плашат од најавениот широк Европски фронт кој според сите прогнози ќе биде победник на изборите, што значи победник и на претседателските и на парламентарните избори. Затоа ги манифестираат своите нервозни изјави – антиалбански и антизападни националистички. Кога ќе се направи грешка, за жал свесно, под влијание на руско-српските и руско-бугарските структури, тогаш граѓаните со право на глас ја даваат казната со слободен глас за да си ја отворат европската перспектива, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

Поранешниот пратеник и поранешен кандидат за претседател на државата – Зуди Џелили оценува дека антиалбанската и анти-ЕУ политика не му обезбедува можно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на исходот од изборите.

– Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ постојано покажува деструктивност во процесите за напредок на државата од секој аспект, не е чудно зошто продолжуваат со опструкции и кога се самите себеси дел на техничката влада. Ваквото однесување на оваа партија наиде на директни критики од високите претставници на САД и ЕУ, особено нивната политичка ориентација и пречките што му ги прават на евроинтеграцискиот процес. ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на некои анкети спроведени во последните години, смета дека ќе бидат победници на изборите, но нивната антиалбанска и анти-ЕУ политика не им обезбедува можна власт, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Според него, најголема казна за една политичка партија е стравот, опструкциите се сигнал дека оваа партија ја губи вербата во себе, а причината за ова е погрешните политики, непрецизно дефинирана и без јасна визија за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ има околу 4% шанси по изборите да дојде во позиција да формира Влада, според истражувањето ЕлектоМетар на институтот „ПРЕСПА“ – Скопје

Истражувањето ЕлектоМетар на институтот „ПРЕСПА“ – Скопје – со спроведените три експерименти и опфатени 14.000 различни сценарија ги анализира комбинаториките и сценаријата кога на парламентарните избори 2024 година би се појавиле пет блокови на политички партии.

Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува албанската опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците ќе биде доминиран од ЗНАМ – Максим Димитриевски.

Фронт за Европа – владината коалиција, на избори би освоила до 54% гласови, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ до 39%

Експериментите на ова истражување се засноваат на неколку клучни претпоставки: дека Владината коалиција ќе настапи заеднички со предизборна листа, односно дека сите политички партии ќе функционираат како групи на овој начин, дека моделот се составува според последната анкета за која имаме податоци во целост, од декември 2023, или 6 месеци пред изборите, дека моделот се иззема од разгледувањето на сентиментот на гласачите и јавниот дискурс, дека маргината на грешка на моделот е +/-3,55%.

Според истражувањето: Блок 1, односно владина коалиција би освоиле – 49,50% до 53,83% од важечките гласови, Блок 2, односно опозициската ВМРО ДПМНЕ и нејзината коалиција би освоила – 36,45% до 39,79% од важечките гласови, опозиционите партии на Албанците – Блок 3 – 1,32% – 1.93% од важечките гласови, Блок 4 – 2,07% до 3,79% од важечките гласови и Блок 5 – 4,12% до 6,80% од важечките гласови.

Податоци, претпоставките и моделот на ЕлектоМетар укажува на момент во кој само два блокови имаат шанса да состават мнозинство или пак да освојат најмногу гласови. Притоа, вториот блок – коалоцијата на ВМРО-ДПМНЕ има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

ЕлектоМетар: Фронт за Европа – владината коалиција, на избори би освоила до 54% гласови, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ до 39%

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориМицкоскиОбструкциитехничка влада

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk