ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Во моментов Руската црква ја притиска МПЦ да се откажеме од добивањето томос од Цариградската патријаршија

February 2, 2024 14:12
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Руската православна црква сака да создаде нов блок во православниот свет и да биде новиот папа на православието. Најдете ја првата прес-конференција на Путин после нападот на Украина, каде он вели дека негова одговорност е да ги штити православните држави во светот. Во неколку држави има православни цркви во светот. Голем дел се членки на ЕУ меѓу кои и ние. Ако ја тргнеме руската црква, Грција е доминантно православна држава и членка на ЕУ и НАТО. Албанија има православна црква, членка на НАТО на пат кон ЕУ. Бугарија е членка на НАТО и ЕУ. Романија е членка на НАТО и ЕУ“, изјави новинарот Марјан Николовски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ по прашање на тема околу обидите на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство преку црковно-судски постапки.

Тој додаде дека во Македонската православна црква е на пат кон признавање на нејзината автокефалност.

„Обидот да се прикаже дека тоа признавање е во линија на руската добра волја треба да ја внесе македонската православна црква во целиот тој блок на руско влијание за да утре за било што се случува во општеството Македонската православна црква треба да ги спроведува одлуките на руската црква. На пример, ако треба да се прават протести против хомосексуалците, сите цркви да излезат на улица. Ако треба да кажеш дека НАТО е злочинска организација да излезат владиците да кажуваат дека НАТО е злочинска организација“, посочи Николовски.

Тој додаде дека овие аргументи не доаѓаат од него, како пример наведе дека Пендаровски бил предупреден од НАТО дека МПЦ работат за руските безбедносни служби.

„Цариградската патријархија е проевроски/прозападна ориентирана. Најголем дел од своите верници ги има Америка, во Европа. Руската православна црква отсекогаш имала обид да создаде начин на функционирање на она што бил Цариград во времето на Византија. Ние сме на средината. По налог на Русија, Србите да издадат томос којшто нема никаква важност за ниедна црква. Во моментот, притисокот е врз МПЦ од страна на руската црква да се откаже од добивањето на томосот од цариградската патријархија. Година и пол се стои во место во МПЦ и никој таму нема интерес да го продолжи патот до Цариград, значи дека притисокот е голем“, заклучи Николовски.

Во македонската православна црква се случува сериозно руско влијание и тоа оди по линија на еден или двајца владици.

„Искуството низ годините покажа дека верските прашања можат да бидат многу сензитивни. Затоа сметам дека пишувањето и објавувањето на информации и за тоа какви се состојбите во МПЦ и ИВЗ е корисно за општеството. Јас тоа го работам низ призма на новинарскиот аспект. Така функционира Религија.мк, не е верски портал. Се создаде фама дека владиците и нивното општество се доведени во опасност поради моите пишувања. Ниту сум јас толку моќен ниту пак тие толку ми се плашат“, изјави  Николовски.

Тој додаде дека сето ова што се случува извесен период во македонската православна црква од 2022 година на крајот и почетокот на 2023 година кога на Божиќ, кога наводно беше честитан именденот на архиепископот и празникот од страна на вториот човек на руската православна црква, шефот на одделот за надворешни работи на руската православна црква.

„Ако рускиот патријарх пред некое време од литургиите ја изфрли делот каде што православната црква се моли за мир во светот и тој дел по декрет на рускиот патријарх е изваден од литургиите и секој руски свештеник ако се моли за мир е санкциониран во Русија. Парадоксот и паранојата на руската православна црква оди до таму. Во македонската православна црква се случува сериозно руско влијание и тоа оди по линија на еден или двајца владици коишто во моментот едниот е обвинител а другиот ќе биде судија“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека во принцип во црквата постои институција која се нарекува архиепископски црковен суд, епархиски суд, синод, но тој суд постои да го санкционира клирот на МПЦ ако се огрешил по однос на работењето на Уставот на МПЦ институционално или ако ја нарушиле догмата од верски аспект.

„Во мојот случај, јас сум новинар, не сум клир на МПЦ, а и да сум верник не сум ја нарушувал догмата. Не проповедам дека Христос не е тоа што е. Не проповедам еретички учења, за тоа постои суд. Еден од владиците вели дека не е основано тоа обвинение. Тоа е само форма, идејата е сосема поинаква. Идејата е тоа да помине кај мене за да може утре да се пресметуваат тие двајца владици по налог на Москва со други свештеници кои не сакаат МПЦ да се претвори во руски инструмент за безбедносен проблем во државата“, заклучи Николовски.

Tags: автокефалностМарјан НиколовскиМПЦруска црква
Next Post

Помеѓу крупните „патриотски“ лаги и брзиот Социјалдемократски воз за Европа

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk