ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Помеѓу крупните „патриотски“ лаги и брзиот Социјалдемократски воз за Европа

February 2, 2024 14:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

На 9-мај оваа година ќе се знае кој ќе биде победник во оформувањето на влада во земјава. Ковачевски верува дека тој ќе биде мандатар што ќе оформи влада која ќе биде проевропска, додека оној другиот, Мицкоски, верува дека тој ќе направи влада, ама за нејзиниот „владин предзнак“ не зборува ништо, ниту каква ќе биде таа влада, ниту каде ќе оди и што реално ќе прави.

Пред да се осврнеме малку на разликите на овие две политички парадигми, ајде да се обидеме да ја разгледаме симболиката на 9-ти мај, ми се чини дека најпрво тоа е важно. Додуша, одамна помина времето во Македонија кога 9-ти мај претставуваше нешто важно и позитивно, ама за мене никогаш не било така. За мене 9-ти мај беше тоа кое од секогаш и беше: Ден на победата, рушење на нацифашистичките сили, а во таа победа Македонија и тоа како имаше значајно место. Три-четвртини век подоцна, еве го Христијан Мицкоски, ќе ја ослободува Македонија. Само се поставува прашањето: ќе ја ослободува земјата од партизаните или од нацифашистите?

Имено, Христијан Мицкоски до сега, успеа (или го киднапира?) опозициониот простор, мислејќи дека тој тука е единствениот арбитар за кој нешто се прашува, притоа, разбира многу добро – барем од она кое го гледам и слушам – таквата работа на следните избори нему му носи многу неизвесен резултат. Што значи, со голема веројатност нема да може да направи мнозинство од пратеници кои, потоа, нели, треба да конституираат влада.

Тој човек, освен своето гласачко тело, нема реална политичка коалициона инфраструктура. Затоа што порано или подоцна мора да се види кој е кој и што е што, па, следствено на тоа, оној што во тоа пребројување ќе биде „ни риба ни девојка“, после изборите ќе мора многу подобро да го дефинира својот статус на политичкото поле и со тоа, разбирливо, ќе мора да ги „преформулира“ своите амбиции.

Реално да зборуваме, Христијан Мицкоски не може да биде премиер, ентузијазмот за таа работа му е очаен, млак, безидеен. Освен ако негова единствена амбиција не е да биде спиритуален лидер или менаџер, ма што и тоа да значи во неговиот „инжинерски“ свет.

Еве што значи неговиот политичкиот програм: зошто сите ние убаво не се обединиме, околу него лично? Не планирам да се обединувам со луѓе кои се без визија, без идеја, без план и програма за тоа каде ќе се движи земјата. Освен ако не планирам да слушам празни приказни за дедото и морковчето, а не планирам бидејќи време за бесмислени приказни немам.

Мицкоски не нуди ништо опипливо освен тој самиот. А се покажува дека ниту тоа не е доволно без разлика што има четириесетина градоначалници под негова капа. Тие, пак, кутрите, не знаеш дали се живи или мртви, седат, молчат и салутираат на овој што ги повикува да се обединат околу него лично, притоа околу него ќе играат што, козарачко коло?!

Од друга страна, Социјалдемократската партија (СДСМ) на Ковачевски ни нуди далеку (по)дефиниран и јасен концепт: обединување на сите околу Европскиот блок; екипирање на сите етникуми, граѓански организации и индивидуалци околу јасен правец и јасна визија, а тоа е зачленување во Европската Унија до 2030 година. Во политичка смисла, таквата дефиниција има многу поголема вредност од концептот на „опозиционото лично тело на Мицкоски“.

Сите сме сложни дека СДСМ во годините кои изминаа ја зајакна демократијата, ги контролираше цените на горивата, ја намали невработеноста, носи слобода на движење, успева да привлекува големи средства и пари од Европските фондови за земјата, колку-толку е свесна за нееднаквоста во земјата, богатите мора да плаќаат повеќе од сиромашните… Ова се некои сериозни аспекти кои ќе им донесат многу поквалитетен живот на граѓаните. И тука се кршат сите копја на една политика.

Не малку луѓе на улица ми велат дека владата работи добро, ама исто така ми велат дека антикризните мерки и социјалните мерки треба уште повеќе да се засилат, на тоа, се разбира, секогаш сум согласен ако тоа им користи на слабите луѓе, оние кои живеат на маргините на општеството, а знаеме дека во суштина животот, правиот живот на луѓето се случува на маргините на општеството.

И кога сè ќе собереме и одземеме, ваква катастрофална опозиција тешко дека ќе може да го смени СДСМ и Ковачевски на следните парламентарни и претседателски избори. Тешко дека со вакви опозициони играчи може нешто добро да ѝ се понуди на Македонија и нејзините граѓани. По сè изгледа, потребно е нешто „сосема поинаку“, ама кој ќе ја открие таа алхемиска формула, од мене добива десетка со кромид, бокалче и сифонче.

Да бидам крајно отворен на самиот крај од текстот: како е возможно Мицкоски да се претставува за алтернатива на Ковачевски, кога земјата ја упропастија, институциите ги дискредитираа со табиетот „нема институција, јас сум институција“, ги дерогираа(т) демократските начела, ги подриваа(т) и сè уште ги подриваат сите пишани (и непишани) цивилизациски норми во политичкиот живот, го уништија секое рационално предвидување на непосредната иднина на земјата… И вие, сега, дрско и во фаца ми велите дека Мицкоски е мојата алтернатива?

Па, мислам, немој да ме јеб…!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: ЕУНЕНАД ЈОВАНОВИЌХристијан Мицкоски
Next Post

СЕММ: Фронтлајн.мк во објавата со наслов „ПОВЕЌЕ ОД СКАНДАЛ! Додека Мицкоски најавува преговори со проруската Левица, неговата портпаролка го дотепа – било нормално да не сакаат влез во ЕУ“, ги прекрши членовите 1, 13 и 14 од Кодексот на новинарите на Македонија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk