ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД побараа од Владата на Курти да престане да поттикнува меѓуетнички тензии во Косово

February 4, 2024 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер ги обвини косовските власти за поттикнување меѓуетнички тензии со неодамнешните одлуки за забрана на употребата на српскиот динар во земјата, како и со вчерашното запленување на динари и на возилото кое ги превезувало истите за исплаќање на Србите кои се корисници на социјални надоместоци од буџетот на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава што доцна синоќа ја објави на својата официјална страница на платформата „Х“, Ховениер ја изрази „длабоката загриженост“ на САД за неодамнешните постапки на Владата на Албин Курти и ја спомена можноста за укинување на американската поддршка за Косово на меѓународната арена.

-Владата на САД е длабоко загрижена поради неодамнешните постапки на Владата на Косово кои имаат директно и негативно влијание врз припадниците на српската етничка заедница и другите малцинства во Косово. Овие акции непотребно ги зголемуваат меѓуетничките тензии и како резултат на тоа ги ограничуваат опциите на САД за да служат како ефикасен застапник за Косово на меѓународната сцена, се вели во изјавата на Ховениер.

Американскиот амбасадор го спомена прашањето на затворањето на објектите на „институции со кои раководи Србија“ во Драгаш, Пеќ, Исток и Клина и на канцеларијата на невладина организација во Приштина. Тој нагласи и дека САД се загрижени поради вчерашната конфискација на српски динари и на возилото што ги превезувало средствата за распределба на исплатите од Србија.

– Очекуваме косовските власти да се погрижат лицата за кои се наменети овие социјални надоместоци истите да ги добијат без одлагање, изјави Ховениер, додавајќи дека Владата на Косово е одговорна за грижите на сите граѓани.

Тој рече дека во дијалогот меѓу Приштина и Белград треба да се вклучи и прашањето за српските структури.

– Прашањата поврзани со структурите поддржани од Србија во Косово треба да се решат преку дијалогот што го олеснува Европската унија. Исто така, го повторуваме нашето барање Косово да ја одложи имплементацијата на изменетата Регулатива на Централната банка на Косово за готовинско работење додека не се воспостават задоволителни процедури во согласност со европските стандарди и додека населението не биде доволно информирано за тоа како продолжува транзицијата на нивните придобивки, порача Ховенер.

Tags: динарКосовоХовениер
Next Post
Фото: Фејсбук профилот на Костадиновска-Стојчевска

Костадиновска-Стојчевска: Гоце Делчев е еден од најсилните поттикнувачи на вековниот стремеж за македонска држава

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk