„Неподопустлива е таа леснотија на тоа што се случува и непреземање на одговорност. Само е прашање на време и треба да бидат свесни сите, и предлагањето на овие законски решенија треба да го сфатат како знак дека ниту смее ниту може да биде како порано,“ рече вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска во интервјуто за Топ Тема на ТВ Телма, во врска со непостапувањето на обвинителството и дали му е потребна влада за да му каже што и како да работи.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека се надева дека конечно ќе проработи свеста дека сите кои се на функции, во владата, парламентот, сите избрани и именувани во правосудните органи, универзитетската фела кога прават нешто или коментираат одредено законско решение или реформа треба да се водат од принципот на општото добро.
„Мислам дека сме презаситени од тоа, да гледаме аргументи кои по секоја цена одат во заштита на личните интереси. И ако оваа енергија која се покрена со сите сили да се образложува со квази аргументи, зошто не треба и како не треба ништо да се направи, ако беше искористена сите овие години наназад, да се реагира и јавноста да се повикува да се преземт конкретни чекори во борбата проив корупцијата и криминалот и да се види ефективна постапка за лицата кои се ставени и на црната листа на САД , можеби ние денес немаше да разговараме и јас немаше да имам потреба да неморав денес да покренувам ваква инцијатива,“ рече Грковска.