Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар – Арбен Таравари ја промовираше својата кандидатура за претседател на Северна Македонија.
Тој, заедно со останатите лидери на Европскиот сојуз за промени (ЕСП), Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, ја најави својата кандидатура од гостиварскиот плоштад.
– Дојде време земјата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински. На секој друг кандидат му посакувам успех и нека оваа кампања биде приказна за инспирација, европеизација и триумф. Промената е почната и тоа веќе се гледа, потенцира Таравари.
Од друга страна, како што дознаваме повикувајќи се на партиски извори од ДУИ, и Демократската унија за интеграција ќе излезе со свој кандидат за претседател. Она што било тема на дискусија меѓу интегративците – било дали кандидатот треба да биде партиски или непартиски, но сепак, одлучиле да биде партиска кандидатура – министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Меѓу непартиските кандидати кои биле во комбинација за потенцијални кандидати за претседател, се спомнувале: Имер Селмани, Абдилменаф Беџети и Беса Арифи.
Дестан Јонузи
Поврзано: