ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Објавени снимки од нападот на членот на обезбедувањето на Мицкоски врз колегата полицаец

February 21, 2024 09:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Снимките од безбедносните камери на скопскиот локал во кој лице од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а кои ги објави „360 степени“, покажуваат што точно се случувало ноќта помеѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари).

Имено, на снимката се гледа како две лица првично разговараат во внатрешноста на локалот. Според „360 степени“ станува збор за Ивица Б. – член на обезбедувањето на Мицкоски (облечен во црна блуза) и Влатко Г. – полицаец на должност (облечен во зимска јакна во окер боја).

По кратко време, разговорот преминува во туркање, па обиди на разделување од страна на други службени лица од полицијата, за на крајот ситуацијата кулминира и Ивица Б. го удира со тупаница Влатко Г. во главата, па по рацете.

За случувањата пред локалот обезбеден е снимен материја од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот.

За случувањата пред локалот обезбеден е снимен материја од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, најави дека во текот на вчерашниот ден МВР ќе поднесе кривична пријава против Ивица Б. за напад на друго службено лице. Според министерот, тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда. Додека пак за информациите во јавноста дека Ивица Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, посочи дека се невистинити, пишува 360 степени.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Ивица Б. ќе биде отстранет од обезбедувањето на лидерот Мицкоски, како и дека за нив нема селективност и законите важат за сите.
Од СДСМ, пак, бараат целосно расчистување на случајот и МВР да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски, затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување.

СДСМ потсетуваат на неодамнешни инциденти и на други членови на ВМРО-ДПМНЕ, како тој со претседателот на ОК-ДПМНЕ Пештани воедно и професор во музичко училиште кој беше фатен со кокаин, потоа наставничката во основно училиште во скопската населба Ново Лисиче, уапсена за дрога- претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром. И последниот случај на телохранителот на Мицкоски кој физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал. Од партијата прашуваат : Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“

Tags: ВМРО-ДПМНЕобезбедување на Мицкоски
Next Post

Сончево со мала до умерена облачност

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk