ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите на Албаците калкулират, а „чаршијата“ си ги крои листите за пратеници

February 26, 2024 15:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии покрај подготовките за почеток на изборната кампања за претседателските избори, ги составуваат и листите за кандидати за пратеници. Во политичкиот блок на Албанците битката се очекува да се води меѓу Демократската унија за интеграција (ДУИ) и опозициската коалиција ВЛЕН (Вреди).

Во најголемата партија на Албанците – ДУИ, имињата на кои се калкулира за носители на листи во првата ИЕ и кои имаат поддршка и од Али Ахмети се вицепремиерот Артан Груби и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Според партиски извори од ДУИ, амбиција да биде носител на листа во првата ИЕ покажал и првиот човек на општина Сарај, Блерим Беџети.

За оваа ИЕ – ДУИ го предвидуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи како носител на листата, но со неговата кандидатура за претседател, интегративците сега размислуваат за следниот фронтмен.

Во втората изборна единица уште поголеми се амбициите за носител на листа за пратеници од таборот на интегративците. Покрај актуелниот координатор на пратеничката група Арбр Адеми и познатиот лекар Илир Хасани, амбициозност покажа и поранешниот пратеник Ејуп Алими, кој беше обвинет и осуден за манипулација на изборниот процес во Чаир – Скопје. Во меѓувреме, неофицијално се дознава дека и Аднан Исмаили, првиот човек на Издавачката куќа „Логос-А“ се очекува да биде предлогот на ДУИ и коалициските партнери за пратеник во втората изборна зона.

Во петтата ИЕ, во трката за пратеници како носител на листа на ДУИ, се споменуваат имињата на премиерот Талат Џафери, министерот за образование Јетон Шаќири, но и на Мехмет Жаку – шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во шестата изборна единица се очекува листата на ДУИ за пратеници да ја предводи лидерот Али Ахмети.

Од опозициската коалиција ВЛЕН, како што дознава „Фронтлајн“ од партиски извори, веќе ги доделиле носителите на ИЕ.

Изет Меџити ќе биде носител на коалицијата ВЛЕН во првата, Африм Гаши во втората, Билал Касами во шестата, а во петтата ИЕ ќе биде кандидат на Алијансата за Албанците – крилото на Арбен Таравари, од каде според партиски извори од ВЛЕН, се очекува носител да биде еден од поранешните пратеници Сурија Рашиди или Гарип Габа.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, додека парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, кои овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се поклопат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај.

Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април, кога почнува и молкот што трае до 24 април. Политичките партии ги објавија своите кандидати за претседател. Кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април и ќе трае до 6 мај. За време на молкот за претседателските избори ќе продолжи изборната кампања за парламентарните избори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИизбори
Next Post

„Редуцирај. Селектирај. Рециклирај“ во Карпош: Зелената иднина почнува со најмладите, учиме за одржливост преку игра и креативност

Најново

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk