„Прогнозите кои ги дава претседателот на ВМРО – ДПМНЕ се секогаш погрешни. Ќе ви кажам неколку примери. На пример од почетокот на енергетската криза, најголема по втората светска војна предвидуваше неговата партија 40% зголемување на електрична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има електрична енергија. Тоа не се случи. Па предвидуваа дека нема да има парно греење во Скопје. Не се случи, парно греење имаше. Предвидуваа дека нема да отпочнеме преговори со ЕУ, по 17 години чекање отпочнавме преговори со ЕУ,“ рече Ковачевски.
Тој истакна дека, ппресметано во бројки, ВМРО-ДПМНЕ велело за минимална плата да биде 8.000 денари, минимална плата денес е 22.500 денари. СДСМ дала ветување просечна плата од 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, што е 650 евра.
„Во време на Владата кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка. И ако сакате во бурек да пресметате во тоа време со 1 минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек,“ посочи Ковачевски.