ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Повеќе од потребно е политичките структури во земјите од регионот да носат тешки, но правилни одлуки за забрзување на интегративните процеси

February 29, 2024 19:58
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Фото: МОД/Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија“ на која се дискутираше за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина

Фото: МОД/Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија“ на која се дискутираше за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата насловена „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија” на која стана збор за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина, потребата од заедништво во справувањето со хибридните закани и зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО како Алијанса базирана на вредности и принципи.

Петровска во своето излагање се осврна на хибридните закани со кои се соочуваат сите земји од регионот и Алијансата, при што порача дека само ако сме координирани и заеднички изградиме општества отпорни на дезинформации, можеме да се справиме со оваа хибридна закана.

„Свесни сме за хибридните активности на Русија во нашата земја. Нивната цел е да ги прикажат институциите како ранливи и нефункционални, на тој начин намалувајќи ја довербата на граѓаните во нив. Најдобриот одговор на оваа закана, која ги вклучува и дезинформациските кампањи е нашите општества да изградат силна колективна отпорност“, рече министерката. Додаде дека институционалната отвореност и транспарентност е исто така значаен инструмент во борбата со дезинформациите, посочувајќи го Министерството за одбрана како добар пример имајќи предвид дека е институција со највисока активна транспарентност и отвореност.

Во однос на членството во НАТО, Петровска посочи на храбрата одлука во 2018 година која овозможи државата да стане полноправна членка на НАТО за која рече дека е најдобрата инвестиција во безбедноста на земјата и на граѓаните.

Петровска се осврна и на дискусиите на последниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, при што укажа на единството во Алијансата, целосната посветеност кон јакнењето на колективната безбедност и на јасната поддршка на земјите-членки за Украина, земјата која има полно право да ја одбрани својата сувереност и својот територијален интегритет.

На прашање поврзано со регионалната соработка, министерката Петровска рече дека таа е клучна во процесот на интеграција на регионот и додаде дека Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Го повтори ставот дека евроинтеграциските процеси се и безбедносно прашање, укажувајќи на тоа дека интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија е процес кон кој сите целиме и прашање кое нè зближува.

„Повеќе од потребно е политичките структури во земјите од регионот да носат тешки, но правилни одлуки за забрзување на интегративните процеси. Сите ние имаме слично минато, а иднината ни е заедничка“, заклучи Петровска.

На дебатата се обратија и ко-директорите на проектот, Сашо Орданоски и Едвард Џозеф, како и Томас Јермалавичиус од Меѓународниот центар за одбрана и безбедност од Естонија, како и новинарите Драган Мишев, Борјан Јовановски, Слободанка Јовановска и Назим Рашити, кои како дел од проектот во Естонија беа запознаени со искуствата на оваа земја во справувањето со руските дезинформациски кампањи и влијанијата од руската агресија врз Украина.

Дебатата е организирана во рамки на проектот за градење на јавната свест за НАТО и отпорноста на Балканот, предводен од Центарот за стратегиски истражувања и документација од Скопје и вашингтонската Школа за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Tags: ПетровскаРусијаУкраинахибридни закани
Next Post
Фото: Фејсбук профилот на Зоран Јованоски

Јовановски: Огромно мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ е про-руски ориентирано, по доаѓањето на власт тоа ќе се види и кај раководството

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk