Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
На претстојниве мајски избори СДСМ заслужува ДА загуби затоа што некои нешта ги изневери, но овие мајски избори ДПМНЕ мора да НЕ ги добие затоа што, кажано во една реченица, за сè што вели дека ќе сторел, патем, овде би требало да го употребам мекиот израз од типот дека не ја зборува вистината, па сепак, предизборно и поводно ќе речам дека бесрамно нè лаже, лаже, за сè и еве, по евидентно, лаже за рамковниот, за преспанскиот, за францускиот, за идентитетот, лаже за коупцијата што ја патентира, за непотизмот што го устоличи, за слободата што ја зароби, практично нè лаже за сè па сега видете и според онаа народната, нели, од двете зла помалото и ете, тоа е изборот Македонци, тој ни е, велите не за ЕУ туку за Уџум па, ако сме за Уџум, тогаш бујрум, ќе си тераме Уџум.
Извор: Цивил Медиа