ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Фронтот за Европа“ на Ковачевски и Ахмети за европска иднина и зајакнување на меѓуетничкото единство!

March 28, 2024 10:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Коалицијата за европска иднина“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ и коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) успеаја да соберат повеќе коалициски партнери за настап на претседателските и парламентарните избори.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски потпиша коалициски договор со НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потпиша договор за коалиција со Демократската партија на Албанците предводена од Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, партијата ПОПУЛИ (НАРОДОТ), Демократската партија на Турците на Бејџан Илјас, Унијата на Ромите на Курто Дудуш, додека се очекува во сабота, Ахмети да потпише коалициски договор и со Алијансата за Албанците – крилото на Зиадин Села

„Коалиција за европска иднина“ за да не запре европското патување!

– Коалицијата за европска иднина е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека победничката проевропската коалиција ќе ја формира новата проевропска влада по завршувањето на претстојните избори, ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата.

„Европски фронт“ за долготраен пат и за зајакнување на меѓуетничкото единство

Лидерот на ДУИ Али Ахмети при потпишување на коалицискиот договор за „Европскиот фронт“ со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз изјави дека: „Европскиот фронт е апсолутен победник на изборите“.

– Овој фронт нема да биде за еднократна употреба само за претседателски и локални избори, овој фронт ќе биде долготраен, затоа што интересите се заеднички, не можеме да ги разделиме луѓето кои живеат заедно, бидејќи се создадени како едно семејство. Овој фронт ќе се гради врз темелите на меѓуетничката соработка и ќе придонесе за стабилноста и мирот во регионот, фокусирајќи се на интеграцијата на земјата во Европската унија и зајакнувањето на добрососедските односи, изјави Ахмети.

Али Ахмети вчера имаше средба и со Филип Рикер, поранешен американски амбасадор во Северна Македонија и висок функционер на Стејт департментот. На средбата Ахмети ја истакнал нивната непоколеблива посветеност да ги поддржуваат западните вредности и да кажат „не“ за руското влијание и „да“ за евроинтеграциите.

Села заедно со Ахмети!

Партиски извори веќе лиферуваат информации дека веќе има договор меѓу првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, и Зиадин Села од Алијанса за Албанците,  за заднички настап во рамките на коалицијата „Европски фронт“. Села во коалиција влегува со можни четри добитни пратенички места за пратеници, а договорот се очекува да се потипише во сабота.

Според договореното Алијанса за Албанците во листитите за пратеници во ИЕ 1 ќе го има кандидатот со бр.4, а се очекува тој да биде Зулфи Адили. Во втората изборна единица Села исто така добива место на листат на коалицијата „Европски фронт“ со бр.4. Во Изборната единица пет како носител на листата на коалицијата „Европски фронт“ е договорено да биде Зиадин Села, додека во изборната единица шест Алијанса ги доби третото и седмото место на листата, кои најверојатно ќе бидат Илире Даути и Илир Демири и 10-то или 11-то место.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиДимитар КовачевскиДУИевропски фронтЕУизбориСАДСДСМ

НАЈНОВО

Во Солун уапсени Бугари што оставиле бебе да плаче на балкон

June 17, 2025

Без вода населбата Бардовци

June 17, 2025
acpsk12.org

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk